24.01.2012, 11:51 Федерер прв полуфиналист на Австралија Опен
Во меч што траеше нешто помалку од два часа, а Федерер доминираше против Мартин дел Потро во сите три сета и ги доби со 6-4, 6-3 и 6-2
Швајцарскиот тенисер, моментно треторангиран на светската АТП листа, Роже Федерер, обезбеди место во полуфиналето на „Австралија Опен“, откако денеска во четвртфиналето го победи Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро.
Мечот траеше нешто помалку од два часа, а Федерер доминираше во сите три сета и ги доби со 6-4, 6-3 и 6-2. Швајцарецот искористи пет од осум брејк топки, додека спаси пет од шесте брејк можности на Дел Потро.
Во Мелбурн, Федерер стигна до полуфиналето и во деветата година по ред, а го подобри својот скор во кариерата на 814 победи и 186 порази. Роже Федерер досега четири пати победувал на Австралија Опен.
За пласман во финалето на Грен Слемот во Мелбурн, Швајцарецот ќе игра со победникот од мечот меѓу Рафаел Надал и Томаш Бердих кој исто така се игра денеска.
Другите две четвртфинални двојки на програмата се утре: Новак Џоковиќ - Давид Ферер и Енди Мареј - Кеи Нишикори.
|