24.01.2012, 15:18 Ибрахимовиќ најдобар играч за 2011 година, Алегри најдобар тренер
Ветераните Алесандро дел Пјеро и Фабио Канаваро се наградени за исклучителни постигнувања во кариерата. Посебно признание во изборот доби и Фабио Капело, селектор на Англија
Напаѓачот на Милан и шведската репрезентација, Златан Ибрахимовиќ, е прогласен за најдобар фудбалер во Серија А за 2011 година во изборот на Здружението на професионални фудбалери во Италија (АИЦ). Наградата за најдобар тренер заврши кај стратег на „росонерите“ Масимилијано Алегри, а ветераните Алесандро дел Пјеро и Фабио Канаваро се наградени за исклучителни постигнувања во кариерата. Посебно признание во изборот доби и Фабио Капело, селектор на Англија.
Здружението го избра и идеалниот тим во Серија А за минатата сезона. Во него се најдоа: Хандановиќ (Удинезе), Маџо (Наполи), Ранокија (Интер)/Неста (Милан), Тиаго (Милан), Армеро (Удинезе), Хамшик (Наполи), Мота (Интер)/Маркисио (Јувентус), Боатенг (Милан), Ди Натале (Удинезе), Кавани (Наполи), Ибрахимовиќ (Милан).
|