25.01.2012, 19:55 Камерон: Го поддржувам членството на Македонија во НАТО и ЕУ
„Македонија направи значајни реформи во промоцијата на демократијата и слободниот пазар во економијата“, истакна Камерон во Советот на Европа
Британскиот премиер Дејви Камерон го поддржува членството на Македонија во ЕУ и НАТО, бидејќи направила голем напредок во реформите и смета оти Грција би требало да и дозволи на Македонија да стане дел од Алијансата и Унијата, јави дописникот на МИА од Стразбур.
- Ја подржувам Македонија за членство во НАТО и ЕУ. Внимателно го следам последниот развој на настани. Македонија направи значајни реформи во промоцијата на демократијата и слободниот пазар во економијата. Очекувам од Грција да погледне од другата страна- ако сакаат да ги користат сите привилегии и подршка од ЕУ и НАТО треба да дозволат и Македонија да ги користи. Исто така, се надевам дека ќе се најде решение за името кое ќе биде достоинствено за Македонија, истакна Камерон во Советот на Европа одговарајќи на прашањето на шефот на македонската делегација во ПССЕ дали Македонија ќе добие покана за членство во НАТО на самитот во Чикаго имајќи ја предвид одлуката на Судот во Хаг.
|