17.01.2012, 14:00 Хаварија во РЕК „Битола“
Трите блока во РЕК „Битола“ утринава беа исклучени од електроенергетскиот систем поради дефект на трафостаницата „Битола 2“, информираат од ЕЛЕМ.
„Поради дефект на 400-киловолтен прекинувач во трафостаницата ’Битола 2‘ која е во надлежност на АД МЕПСО, реагираше заштитата на термоблоковите во ТЕ Битола, при што трите агрегати беа исклучени од електроенергетскиот систем на Македонија. Во тек е процедура на вклучување на термоблоковите во електроенергетскиот систем и целосно нормализирање на состојбата со производство на електрична енергија“, велат од прес-службата на ЕЛЕМ.
Недостигот од електрична енергија се надополнува со производство од хидрокапацитетите. (А.Б.)
|