24.01.2012, 13:42 Зголемен бројот на патници на македонските аеродроми
На аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид во декември лани се опслужени 63.925 патници, или за 16,9 проценти повеќе во однос на декември 2010. кога преку двата аеродромa биле превезени 54.678 патници.
Министерството за транспорт и врски денеска соопшти дека порастот најмногу се должи на зголемениот број патници на скопскиот аеродром каде во декември минатата година се регистрирани 61.504 патници што во однос на декември 2010 кога биле регистрирани 50.635 патници претставува зголемување за 21,5 проценти.
- Во истиот период е забележано и зголемување на бројот на операции на воздухоплови на редовни линии за 20,7 проценти, односно 717 операции на воздухоплови на редовни линии во декември 2011., во однос на 594 кои биле реализирани истиот период 2010 година, соопшти Министерството за транспорт и врски. лв/са/12:35
|