24.01.2012, 13:31 Болница само за Андерс Брејвик
Доколку норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик биде осуден на психијатриско лекување, норвешкото здравство би можело да биде принудено да изгради „болница за еден“ во непосредна близина на ѕидините на затворот „Ила“.
Ниту една од психијатриските клиники во Норвешка не располага со толкаво ниво на безбедност кое се бара, пишува норевшкиот дневен весник „Верденс ганг“.
Се смета дека дури ни во болницата „Дикемрак“, каде што се лечат неколкумина од норвешките најопасни затвореници, сигурносно-безбедносните мерки не се на такво ниво за да се гарантира дека Брејвик не би можел да избега или со нечија помош однадвор да биде ослободен.
Андерс Беринг Брејвик на 22 јули минатата година изврши терористички напади во Осло и на островот Утоја, во кои загинаа 77 лица.
|