23.01.2012, 15:34 Средба Попоски - Малмстром во Брисел
Резултатите и мерките на Владата на Република Македонија во намалувањето на бројот на лажните азиланти, како што се подигање на нивото на информираност и мерки против чинителите кои се вклучени во овој процес, била тема на денешната средба во Брисел на министерот за надорешни работи Никола Попоски со еврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Малмстром.
Македонските државјани немаат основа да бараат азил во земјите на шенген зоната, изјави минситерот Попоски по завршување на средбата.
Тој денеска во 18 часот ќе присуствува на 8-от по ред состанок на Совет за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и ЕУ. Со оглед на ротирачкото председателство со Советот за стаблизација и асоцијација, со годишниот состанок ќе заседава Македонија, односно министерот Попоски.
На Советот ќе се разговара за билатералните процеси меѓу Мкедонија и Унијата во рамките на процесот за стабилизација и асоцијацција, како и за исполнување на политичките и економските критериуми.
- Советот ќе ни овозможи да ги презентираме нашите постигнувања во реформските процеси, кои се всушност дел од дијалогот кој го имаме со Европската комисија, во прв ред реформате во правосудниот систем, јавната администрација и борбата против корупцијата, изјави Поповски.
Според него данското председателство и Европската комисија ќе имаат широк сет на аргументи кои одат во правец на оправдувањето зошто Македонија, час поскоро да започне со процесот на преговори со Унијата.
Денеска Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, пак дебатира, а утре ќе гласа по Нацрт резолуцијата за напредокот на Република Македонија во 2011 година подготвена од страна на европратеникот и известувач за земјата Ричард Ховит.
Во врска со активностите на Европскиот парламент, министерот изјави дека давањето на позитивен сигнал за отпочнување на преговорите е настан, кој ќе овозможи динамизирање на реформската агенда на нашата држава. Нашиот клучен елемент, рече, е подготвеноста веднаш да истапиме во следната фаза на интеракција.
Министерот потенцираше и дека Македоија покажува и економски успеси во период кога Европа се наоѓа во сериозна економска криза. - Тое е аргумент плус во кфалифицирањето дека Македонија е функционална пазарна економија. Владата на Република Македонија, развојната економија ја сместува во своите врвни приоритети, посочи шефот на дипломатијата Попоски.
|