Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
23.01.2012, 17:45

Македонските слабости - аргументи против Македонија во ЕП

Грчките и бугарските европарламентарци сега имаа полна уста свежи аргументи да го условат датумот за нашата земја

Слободанка Јовановска



Грчките и бугарските европарламентарци ги здружија вчера силите во Европскиот парламент за да го сменат извештајот на Ричард Ховит за Македонија, кој иако содржи доста забелешки има и доста ставови кои се во прилог на политичките надежи во земјава. Прв на удар е ставот дека Европскиот совет треба да ја послуша препораката на Европската комисија и без одлагање да почне преговори за членство со Македонија, што испровоцира повеќе амандмани со цел тоа да не биде безусловно, туку да се врзе со решавањето на спорот околу името и други прашања.

На удар на амандманите беше и препораката на Ховит да се прифати понудата на македонската влада за започнување на пре-скрининг процес со обврска до неговото завршување да се реши спорот со Грција, со отворени барања од грчките парламентарци тој дел сосема да исчезне од извештајот. Битка вчера се водеше и околу Хашката одлука, со тенденција на блокот парламентарци блиски на Македонија таа да се наметне како став на ЕП, односно да се повика Грција да ја почитува и да се овозможи прогрес во евроинтеграцијата со референцата БЈРМ, а со контраодговор од другата страна - таа да се сведе само на констатација дека треба да биде поттик за продолжување на преговорите.

За првпат грчките и бугарските европарламентарци имаа полни раце аргументи против Македонија, па освен нивните познати национални фрустрации што ги демонстрираа досега во ЕП, за да ја закочат Македонија сега ги користеа и неслободата на медиумите, зависноста на судството, апсењето на Љубе Бошкоски, нееднаквоста во бизнис третманот, антиквизацијата и ширењето негативна клима кон соседството, т.е. недобрососедските односи.

Притоа, место во амандманите најде и повикот на Андреј Ковачев да се објават имињата на агентите на нашите тајните служби, настан кој по се изгледа со внимание се следи во Бугарија. И едните и другите се обидоа да го зацементираат условот добрососедски односи како клучен критериум, барајќи патем да влезе во документот дека кај нас манипулативно се интерпретира историја на сметка на соседните и дека се преземаат потези и се даваат изјави кои имаат негативни ефекти врз нив.

Во еден од амандманите се бара македонскиот државен врв „да го симне тонот“ во изјавите и да и стави крај на антиквизацијата која, не само надвор, туку провоцира и внатрешни поделби во земјата. Како што се очекуваше, се создаде и бугарско-грчки неформален сојуз за тргање на членот со кој се укажува на последиците од неупотребата на македонскиот јазик во извештајот на ЕК и се бара Брисел таа политика да си ја преиспита, а со цел таквиот став да го смена од извештајот на Ховит.

Јелко Кацин бараше во извештајот да влезе и загриженост за политичкото и бизнис мешање во медиумите, а загриженост за нашата слобода во оваа сфера покажаа и бугарските европарламентарци.

Два куриозитета беа што меѓу 164-те амандмани беа и неколку на холандскиот евроскептик Бари Мадленер кој побара да не и се дава датум за преговори на Македонија и да не се прави арбитража за билатералните прашања, како и обидот во заклучоците да влезе и честитката за големиот успех во кошарката - со куп амандмани да ја снема во крајната верзија. Амандманите вчера беа на расправа во ЕП, каде се очекува нивно усогласување до конечниот извештај за Македонија.




Статијата е прочитана 2414 пати.

Испрати коментар



Партиски кавги околу Верушевски јуниор
За гласање се носат пратеници и од болнички кревети
Рашомон во „Телеком“
Топилницата не може да побегне од Велес
Грција е во подобра позиција од нас
Лустрацијата и високото образование утре на тест



Bogomil, 24.01.2012 00:41:25
Имај ги Бугарите за соседи, душмани не ти требаат. Дебнат на секој свиок, за да и ја постават сопката на Македонија, ,,најромантичниот дел од бугарската историја,, како што своевемено проплака нивниот претседател Петар Стојанов.Меѓутоа, пелтечењата на бугарските европарламентарци не зачудуваат толку, колку што иритира далтонизмот на другите, кои никако да видат дека токму во таа Бугарија со децении се врши најбрутална денационализација на Македонците, Турците и Ромите. А Грција, во тој однос, нема пример за споредби. Оттаму и не би требало да зачудуваат нејзините негаторски антимакедонски изливи.
pameten, 24.01.2012 05:44:35
добрососедски односи како клучен критериум, ... кај нас манипулативно се интерпретира историја. Dali nekoj ne sfatil deka smislata na Evropskata Unija e dobrososedstvo i pomiruvanje? Francuzi i Germanci bile luti neprijateli, Grcite i Bugarite isto. Ako Makedonija saka da odi vo nivnoto drushstvo kje mora da se pomiri so niv. Kakvi i da bile Antichkite Makedonci, tie se Helenizirale i Aleksandar shirel Helenizmot. Kakvi i da bile antichkite Bugari, tie se Slovenizirale i od Sv Kliment do Mara Buneva mnozinstvoto vo Makedonija se narekuvele Bugari. Se ovo svetot go znae. Evropeiacijata na Makedonskiot narod odi preku soochuvanje so vistinskata istorija.
Nikola, 24.01.2012 06:39:27
Ova e Treto poluvreme za bugarite vo EP.
Tina, 24.01.2012 06:57:33
Od koga nie Makedonci ni treba nekoj da ni kroji nasata sudbina?? Se zavisi od nas, dali nie smatrame potrebno da razglabuvame za imeto. Koje po logicna pateka e bezmislena rabota, oti imame rabota so bezumnici i tie isti koji ni seceja glavi, goreja celi sela, i ljuge. I sega ke cekame tie da ni zapoveduvat koga, zosto, kade, i kako?? Begajte od tuka, site vie novo dojdeni Ela-s i Mongolci, Slavjani, Albanci, . ne ni trebate vie da ni kazete koji sme nie. Cudno. Od filozofija naucivte kako da razmisluvate, a lesna istorija na Makedonija ne razbirate. Cidno. Da se zivee so takvi, ne e lesno.
Do Bogomil, 24.01.2012 08:56:30
Bravo bre Bogomil, gi otkri dusmanite (zaboravi da gi spomnes kletite Siptari i cetnicite)! I sega so praime?!? So site raskarani a nie azgan demek?!? Aj podrazmisli, deluvas pameten, uste kolku ke izdrzime ako prodolzime vaka?
makedonija, 24.01.2012 08:57:59
Germanija ubavo da razmisli kakva NOVA Evropa ke gradi i so kogo. Ocigledno e deka ovaa Evropa koja trae nekolku stotina godini so istite zamisli i zelbi, odamna e veke mrtva. Na Makedonija vakva Evropa ne i` treba i ne treba da barame clenstvo vo vakov sojuz so zastareni interesi. Jas ja cekam Novata Evropa, ako voopsto takva moze da postoi.
mark do bogomil, 24.01.2012 09:52:47
Dobro utro Bogomile ti deneska otkri otkri deka od bojlerot tece pokraj ladna i topla voda,kolku godini ti trebaa za ova otkritie.
Mark, 24.01.2012 11:21:41
Tino, mi deluvas po omrazata deka si po poteklo od Severna Grcija? Ami ako ne si nisto od tie sto gi nabroja, ti izleguva deka si prazen prostor, vozduh? Ili Hunza si?
Safet, 24.01.2012 13:02:57
Do Tina, Pak Albancite ti se krivi, slepec citaj dobro Bugarite i Grcite ti stavat sopka ne Albancite, tie ti go priznavat i drzavata, jazikot i crkvata. Na kraj dojdenci ste vie znaci Slavjanite , anticki makedonci samo vo son mozete da bidete. Aj na zdravje.
toni, 24.01.2012 14:50:57
abe nisto neznaat evropejcite -nepismeni se --ne se pametni kako nas -nie pukame od inteligencija se znaeme i nokoj ne ni treba (da ziveat GRUJO I BC--smrt na fasizmot)
Germanija, 24.01.2012 14:52:02
Celiot tekst na G-ga Jovanovska ocigledno e iako pragmaticen tezok da go svatat gorenavedenite komentatori.Nie Makedoncite rodeni vo ponovata istorija od onaa sto ni ja prilozuva deneshnata smeshna politika, ne planirame da plakame krediti i slobodni udari vrz osnova na odlukite na deneshniot politicki makedonski vrv.Sporot (kakov spor, dali ste normalni,vo deneshna demokratija sekoj moze da se vika kako saka!!!, e izmislenica na kontra makedonski grupacii koisto visoko kotiraat vo diplomatskite EU i Svetski krugovi.Problemot e shto nashite neuki diplomati kako i politickiot vrv ja dovedoa cela ovaa maskarada do takva granica da i jas kako makedonec se prashuvam dali bi trebalo voopshto EU da ne primi kako ravnopravna clenka. Blagodaram
Vilen, 24.01.2012 17:28:33
Целиот проблем е во идентитетот, ако Грција и Бугарија до сега го признаа македонскиот идентитет добрососедските односи ке беа на највисоко ниво.Можеби воопшто немаше да има копање по историјата.Хеленизам не е припадност на некој антички народ спрема некоја денешна современа држава како што сака Грција да го прикаже...денес цел свет го изучува англискиот јазик па не припагаат на наглискиот народ или култура...сите на балканот имаат свој историски видувања и само на македонците им се оспорува идентитетот па дури и во Европарламентот. Европарламентарци ги навредуваат нашите чувства,негирајки го нашиот идентитет. Според оваа јас досега не знаев дека цивилизираните народи имаат свој карневал наречен Европарламент, пандан на нашиот карневал во Вевчани.
Delchevo, 24.01.2012 19:19:30
Ne ni trebuva EU. Nie sme antichki makedonci i isto kako Aleksandar ,nashta slavan falanga ke ja prezememe cela Evropa i ke gi Helenizirame ,isto kako Aleksandar Heleniziral pola svet. I togava ke napravime Nova Yugoslavija so spomenik na Marshal Tito vo Bruksel.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -1°C

Облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: -1°C, Мин: -7°C

Недела
Делумно облачно
Макс: 1°C, Мин: -9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |