17.01.2012, 14:29 Скопјанец почина од струен удар
Четириесетгодишен скопјанец загина во несреќен случај во стан во населбата Драчево каде со семејството живеел под кирија. Полицијата соопшти дека немилиот настан се случил во понеделникот околу 11,15 ч��сот во зграда на улицата „Димитрија Чупоски“. Ненад Сељанац (40) бил пронајден мртов во купатилото од станот. Веднаш била алармирана полицијата, бил извршен увид, а трупот на скопјанецот бил даден за обдукција.
„За вештачење се земени греалка и греач од бојлер. Смртта, најверојатно настапила од последица на струен удар“, ни изјавија од МВР. (Г.А.)
|