17.01.2012, 12:48 „Википедија“ утре нема да функционира
Верзијата на онлајн енциклопедијата „Википедија“ на англиски јазик утре нема да функционира во знак на протест поради законските мерки за филтрирање на информациите што се објавуваат на Интернет, кои во текот на утрешниот ден ќе бидат разгледуван во американскиот Сенат.
На овој начин „Векипедија“, чија верзија на англиски јазик дневно има по околу 25 милиони посетители, и се придружува на социјалната мрежа „Редит“, која утре исто така нема да функционира, во битката против законот за заприрање на интернет пиратеијата (СОПА) и против „Проектот Ај-Пи“.
Со двата предлози се предвидени мерки за филтрирање на сите интернет страници за кои постои сомнеж дека поттикнуваат илегално преземање на содржини.
|