17.01.2012, 11:20 Мартин Шулц избран за претседател на Европскиот парламент
Шулц освои 387 гласови и е избран во првиот круг на гласањето. Тој ќе раководи со Европскиот парламент во наредните две и пол години
Германскиот европратеник и досегашен претседател на Сојузот на прогресивните социјалисти и демократи Мартин Шулц е избран за нов претседател на Европскиот парламент.
Шулц освои 387 гласови и е избран во првиот круг на гласањето. Тој ќе раководи со Европскиот парламент во наредните две и пол години.
Останатите негови противкандидати, немаа никаква шанса да добијат претседателски мандат со оглед на договорот склулчен меѓу групата на Народните партии и на Сојузот на прогресивните социјалисти и демократи за поделба на претседателството со ЕП. Сепак Диана Валис од групата на Европските либерали и демократи доби 141 глас и Нерј Дева од редовите на Конзервативците и реформистите 142 гласа.
Мартин Шулц е член на Европскиот парламент од 1994 година.
|