26.01.2012, 12:19 Јусу Н'Дур официјално се кандидираше за претседател на Сенегал
Сенегалскиот пејач Јусу Н'Дур се кандидираше официјално за претседател на државата. Поп-ѕвездата синоќа поднесе кандидатура во Уставниот суд, но не даде изјава.
Првиот круг од изборите ќе се одржи на 26 февруари.
Пејачот е ден од дваесетината кандидати за претседателската функција. Тој објави намера да се кандидира на 3 јануари. Јусу Н'Дур (52) е носител на наградата Греми и еден од најпопуларните африкански пејачи. Многу Сенегалци тврдат дека нема да гласаат за него бидејќи нема високо образование.
|