25.01.2012, 15:22 А1 ќе се ликвидира, а имотот ќе биде продаден
Телевизијата А1 во стечај е ликвидирана, а целиот имот ќе се продава, одлучи Судот на денешното извештајно собрание на доверители.
Претходно, стечајниот управник Ацо Петров предложи телевизијата да биде ликвидирана, а доверителите се согласија со предлогот.
Стечајниот управник ги призна побарувањата на над 60 отсто од доверителите кои бараат вкупно нешто повеќе од 23 милиони евра. Од овие барања признати се 14.6 милиони евра, а 8.9 милиони евра се оспорени. Најголем доверител е државата, односно УЈП, со околу 660 милиони денари побарувања.
Ќе се продава само имотот кој гласи на правното лице, а не и имотот кој се води на приватно име. Досега целиот имот на телевизијата е проценет и неговата вредност е помала отколку побарувањата на доверителите.
|