Токио наскоро би можел да биде погоден од силен земјотрес
Резултатите од новото истражување кое го спроведоа сеизмолозите од Токискиот универзитет покажаа дека постои веројатност од 70 отсто Токио во наредните четири години да го погоди силен земјотрес.
Сеизмолозите дојдоа до овој заклучок врз основа на зголемените сеизмички активности во таа област по 11 март минатата година кога северната област на Јапонија ја погоди земјотрес со интензитет од девет степени по Рихтеровата скала.
Во таа катастрофа загинаа околу 20.000 луѓе.
Сеизмолозите наведуваат дека бројот на земјотесите со умерена јачина во Токио во периодот од шест месеци по 11 март се зголемил седум пати.