24.01.2012, 14:55 Се роди нова принцеза во кралството Данска
Бебето тешко 2,930 килограми и долго 49 сантиметри, родено е во присуство на таткото принц Јоаким, а Принцезата Мари и девојчето се чувствуваат добро
Од Кралската палата на Данска, соопштиле дека данската принцеза Мари родила девојче.
Бебето тешко 2,930 килограми и долго 49 сантиметри, родено е во присуство на таткото принц Јоаким, а мајката и девојчето се чувствуваат добро.
Принцот и принцезата се во брак од мај 2008 година. Девојчето е второ дете на оваа двојка и десетта е поред за данскиот престол.
Принцот Јоаким (42) веќе има два сина од претходниот брак со Александра Менлеј. Двојката се разведе во 2005 година, а тоа е прв развод за 160 години во ова европско кралство.
Принцот Јоаким е помладиот син на данската кралица Маргарета.
|