25.01.2012, 12:32 Деми Мур заврши во болница од стрес
Актерката Деми Мур, за чие загрижувачко слабеење веќе долго се пишува во медиумите, хоспотализирана е поради стрес и исцрпеност
Во понеделникот вечерта, Деми е префрлена во болница од нејзината куќа во Лос Анџелес, откако ненадејно почнала да се тресе како да има напад. Според пишувањето на „Е-њуз“, 49- годишната актерка била во друштво на пријателката кога добила напад. Според зборовите на менаџерот на актерката, причина се големиот стрес и исцрпеност.
- Деми во последно време е под голем стрес, па поради исцрпеноста одлучила да побара професионална помош, за да си ја подобри здравствената состојба. Деми се радува на закрепнувањето и се заблагодарува на семејството и пријателите на поддршката, изјавил менаџерот.
Сајтот „ТМЗ“ објавил дека актерката е во болница „ поради преголема доза лекови“, но нејзиниот менаџер не сакал да го коментира тој податок.
|