(ВИДЕО) Младата Мартина Блажеска – хит на „Јутјуб“
Младата пејачка деновиве ги освои симпатиите на публиката, изведувајќи ја сопствената преработка на песната на Џон Мајер, „Stop this train“
Шеснаесетгодишната охриѓанка Мартина Блажеска е новото македонско изненадување на „Јутјуб“. Младата пејачка деновиве ги освои симпатиите на публиката, изведувајќи ја сопствената преработка на песната на Џон Мајер, „Stop this train“, која е поставена на „Јутјуб“ (John Mayer - Stop This Train (cover by Martina Blazeska) HD). Блажеска е ученичка во средното музичко училиште ДМУ „Тодор Скаловски-Тетоец“ од Струга, во класата на познатиот гитарист Дамјан Пејчиноски. Видеоснимката е направена во музичкото студио на Даниел Јовески „Sustain Entertainment“, а нејзината изведба звучи моќно и ветува многу од ова девојче за кое допрва ќе слушаме.