17.01.2012, 12:46 Едо Маајка стана Едо татко
Популарниот рапер Едо Маајка на последниот ден од 2011 година ја добил ќерката Јасмин, јавува денеска Дневни Аваз
Пријателите на 32-годишниот музичар, чие вистинско име е Един Осмиќ, веќе му го дале прекарот Едо Таата.
Едо Маајка деновиве ужива во Тел Авив со бебето, сопругата Лила и нејзината ќерка под првиот брак Мај (13).
- Малата е супер, се е супер. Татковството навистина прави човек одлично да се чувствува. Изгубив поим што е ноќ, а што ден, но навистина се чувствувам супер. Чист зен. Толку ми е драго што тоа токму сега ми се случи, а не порано, затоа што мислам дека дури сега сум зрел за татковство. Сметам дека мажите пред да наполнат 30 години не се баш зрели за улога на татко, изјави Едо Маајка и додаде дека новиот брак, во кој влезе во април минатата година, и татковството, го смириле.
- Добиваш некаков „бабаизам“, затоа што стануваш бабо и сега носиш некоја посебна енергија во себе, ти се отвора уште еден канал од духовната сфера. Навистина е добро, објасни Едо Маајка.
|