17.01.2012, 18:40 Мислења
Архитектурата во бездна
Георги Константиновски
Новиот изглед на главниот град ја навредува професијата архитект. Него го создаваат војници на некоја анонимна легија
Животот можеме да го подобриме ако максимално ги искористуваме и применуваме светските дострели на полето на науката, техниката и градежништвото.
Од последните настани во областа на архитектурата не само што се враќаме со стотици години наназад туку, што е уште пострашно, паѓаме во бездна! Архитектурата која го преплавува нашиот главен град ја девалвира и навредува професијата архитект. Ја создаваат војници на некоја внатрешна анонимна легија. Место за квалитетни творци нема. Во Македонија постои огромен потенцијал на млади, способни и талентирани архитекти. За жал, еден мал дел под изговор „се борам за корка леб“ подлегнуваат на притисокот кој систематски се спроведува преку министерствата. Во конкурсите речиси задолжително се сугерира да објектите се проектираат во некој зајмен стил од минатото. Голем срам е да му се сугерира на творецот како да проектира. Зачудувачки е во денешно време да се бега од современата светска архитектура и тврдоглаво да се продолжува со имитирање. Секоја имитација не е ништо повеќе од целосно изобличување на оригиналот! А тој оригинал е создаден во некое време во коешто стручните и духовни вредности биле подредени на тогашните научни, технички и технолошки вредности. Денес времето бара да се оди во чекор со него, во чекор со XXI век.
Во 2007 и 2008 година започна жесток напад на суверенитетот на Скопје. На левиот брег на реката Вардар со засилено темпо се уриваше угледот на архитектурата во нашиот главен град. Изникнаа објекти во забранетата зона за градба - во рекреативната зона покрај реката, во т.н. Мал ринг без никакви претходни студии и анализи за нивната оправданост, било од економски, било од архитектонско-урбанистички аспект и без консултации и барање стручно мислење од највисоката стручна Асоцијација на архитектите на Македонија. Доволно беше да им се укаже на намерниците дека е тоа зона забранета за градба (стручна препорака од врвните експерти на Обединетите нации) и дека таа зона покрај рекреативен карактер, има и еколошки непроценливо значење. Се градеше по наредба и желба на неуки и привремено образовани челници. Нивна нескротлива желба беше да се идентификуваат со апсолутистичките владетели и да влезат во историјата како добротвори за кои со „одушевување“ ќе зборуваат идните генерации. Но, едно е да се има добро мислење за себе, а сосема е друго како тоа ќе биде вреднувано во стручниот сталеж и од идните генерации.
Тие му нанесоа злосторство на Скопје: градот доби најгрда архитектура која во очите на архитектите и целиот цивилизиран свет ќе остане како црно петно. Резултатот е збрка од објекти кои меѓусебно архитектонски воопшто не кореспондираат и кои со своите непромислени и меѓусебно нехармонизирани волумени му го одземаат видикот на симболот на Скопје, Калето од главниот плоштад.
По две поминати години, се направи уште едно далеку поголемо архитектонско-урбанистичко злосторство со изградбата на објектот на Уставниот суд, Државниот архив и Археолошкиот музеј, како и другите новоградби на самиот потпорен ѕид од коритото на реката Вардар со бескрупулозно узурпирање на крајбрежната парковско-рекреативна зона, најголемиот благодат што му го подарила природата на градот, а која не им припаѓа само на скопјани, туку и на сите граѓани од нашава земја. Жестокоста продолжува со изградба на административни објекти пред лицето на Културниот центар на градот во архитектонски стилови од времето на средниот век! Новите објекти треба да го покријат „срамот“ од се' уште недовршениот антологиски комплекс на Културниот центар којшто претставува врвен пример на современата светска архитектура. Тој со своите благо закосени волумени просторно, визуелно и физички го проширува коритото на реката Вардар, што претставува квалитет од највисок степен. Спротивно на оваа концепција со изградбата на сите новопроектирани објекти на овој дел од брегот, Вардар ќе го претворат во КАНАЛ! Од посебна корист ќе биде ако се изнесе мислењето на експертите на Обединетите нации дека на брегот на реката Вардар во појас од 600 метри на двата брега од коритото поради високата сеизмичност не смее да се гради каков било објект! Сепак, добро е да се каже дека денешната техника може да ја совлада сеизмиката, но притоа објектот ќе биде повеќекратно поскап, а таков „луксуз“ не би си го дозволиле ни најбогатите држави во светот!
А што станува со објектите изградени во крајбрежната зона помеѓу мостот „Гоце Делчев“ и Камениот мост. И тука се направени големи урбанистички грешки. Градежниот ансамбл под Калето со своите високи волумени речиси целосно го оневозможуваат слободниот видик од плоштадот кон него! Тука повторно ќе се навратам на препораките од експертите од Обединетите нации кои сугерираат да се забрани изградба на какви било објекти во негова близина со цел да се зачува единствениот и редок бисер што го има градот Скопје како неповторлива привилегија! Што се однесува до локацијата на новиот театар, исто така, од урбанистички аспект таа е погрешна. Главниот влез во репрезентативен театар безусловно бара да биде ориентиран кон плоштад!
Ако ја анализираме, пак, архитектурата на сите објекти во овој урбанистички ансамбл (не е потребно да се биде стручно лице), ќе се забележи дека помеѓу нив не постои никаква архитектонска поврзаност. Сите се пионери сами за себе! Тука посебно треба да се спомне за архитектурата на новиот музеј. Жив срам за архитектите и посебно за градот Скопје! Ако е така, а така е, тогаш се поставува прашањето - кој е органот што донесува вакви лаички одлуки и дали со тоа не прави злосторнички престап кон своите граѓани?! Тука не постои извинување. Архитектурата, пред се', се оценува според надворешниот изглед!
Добро е да се спомне и за она што станува на десниот брег на реката Вардар во непосредна близина на Камениот мост, поточно на местото на поранешната Народна банка. Тука до оваа локација е Палатата на трговско-индустриската комора (проект од Милан Злоковиќ) - редок пример на модерната архитектура изградена во далечната 1933 година. Народната банка од архитект Богдан Несторовиќ, исто така, била изградена во 1933 година во духот на модерната архитектура. Овие два објекта со својата височина биле во заемна сообразност, почитувајќи ги основните правила во архитектурата за меѓусебна хармонија. Денес, по 78 години, по се' изгледа, архитектите не ги знаат основните правила за почитување на непосредниот амбиент. Овој новоизграден објект со својата височина изгледа застрашувачки. Тој воопшто не ја почитува околината и на ист начин како што се и објектите под Кале се јавува како јуришен Индијанец! Голем срам за архитектурата!
Но, кога заразата ќе навлезе и таму каде што не и' е местото, таа продолжува да инфицира и натаму по истиот пат! Беше објавено дека ќе се градат два нови објекта со висина од 10 ката на местото на паркот наспроти хотелот „Бристол“ на самата улица „Македонија“. Од урбанистички аспект, како и од аспект на зачувување на природната околина (тоа се парковите), ова е погрешен потег! Погрешен затоа што во сите современи градови како најголемо богатство се токму тие мали зелени оази кои имаат непроценливо значење за жителите на тие градови. Тие со посебна љубов се негуваат и служат за освежување на месното население. Верувам дека ова може и да се спречи од страна на граѓаните што живеат во непосредната околина, како и од друштвата на екологистите! Покрај сите досега наведени примери, овој би бил уште еден нов „бисер“, како и оној на левиот брег на реката Вардар пред Културниот центар и Комерцијална банка, кој има цел да ја обезвредни содржината на Скопје како модерен и современ град!
Градење само за себе нема посебно значење. Мотото „Подобро е да се гради нешто од колку да не се гради“ е комплетно погрешно! Прашањето е дали тоа што се гради има посебно значење за квалитетот на живеењето на граѓаните? Дали значењето на градење е задоволување некакви програми заради сопствена афирмација, а спротивна на општото добро? Значењето на градењето не лежи ниту во исполнувањето на дадено ветување дека нешто ќе се гради, ниту во фалшливото разубавување со објекти-имитации со застарени стилови.
Значењето на градење е оправдано само ако тоа се јавува како одраз на културниот, економскиот и хуманистички просперитет, а сето тоа засновано врз научни и стручни анализи чии темели лежат на современите дострели во тие области!
Архитектурата како мајка на уметноста не смее да биде жртвувана во име на самоволието и незнаењето!
(Авторот е архитект)
|
|
Статијата е прочитана 6144 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Jagoda, 18.01.2012 00:19:52 | Noviot izgled na mojot roden grad dlaboko me navreduva kako gradjanin. Se nadevam deka koga ovaa neobrazovana, nekompetentna, populisticka garnitura - koja igra na najniskite strasti na masata - ce si otide vo zaborav, nekoj sepak ce ima hrabrost da rusi, da izmestuva, da premestuva i da mu dade na naseto raneto Skopje uste edna sansa. |
| граѓанин, 18.01.2012 00:43:33 | Ај што нашиот владетел со синдром на Луј IX решил се околу себе да претвори во барок, уште поголем проблем е толпата дворски поданици и дворски луди кои упорно викаат дека толку биле убави кичурините што ги правеле горди Македонци, - баш им е гајле што другата половина народен плебс во лудата земја ќе цркне во сиромаштија. Инаку архитектот не спомнува и друг важен еколошки пропуст - од толку густо начичкан простор со разно-разни архитектонски објекти во центарот т.е. крај Вардар, уште повеќе е оневозможена природната промаја кон Водно и кон другите отвори на скопската котлина. И гледаме колку е тоа опасно зиме, воздухот не отру, тешко на оние кои живеат во Центар. |
| Hiram, 18.01.2012 01:15:04 | g-dine Konstantinovski. Jas otkako nadojde ovaa groznica i provala na izgradba na takvi velicenstveni objekti, sto covek koga ce gi vidi ne znae od cudo i voodusevuvanje sto da pravi: dali da se smee ili da place , ete otogas sum mnogu srcecen sto Gosopod me nagradil da se rodam vo vakva zemja so vakvi nevideni vrutoci na idei. Veruvajte se osecema kako Evreite vo vremeto na izgradba na Solomonoviot hram. Postojano sum vo zanes i kako opijanet, a gledam deka i povece od polovina od narodot go ima istoto cuvstvo. a toa ce se slozite ne e mala rabiota. Sega otkako narodot na potpolno demnokratski nacin ja odbra i fasadata na poranesen CK da bide bo barok stil, toa ce biide cuda nad cudata . Samo da se raduvame i da placeme od sreca, sto imame takvi nadvremenski vladeteli. |
| B. Betinski, 18.01.2012 10:39:02 | Ne samo kvalifikuvanite i ugledni arhitekti, tuku i mnogu drugi lugje so godini vekje go kazuvaat svoeto koe se sveduva na toa deka faraonizmot na segasnata nakana vlast e zlostorstvo od epohalni razmeri. Od druga strana, ne se retki novinarite koi postojano povikuvaat intelektualci, specijalci i profesionalci da storat nesto protiv toa ludilo na vlasta koi, ete, gi nemalo (od strav li, od konformizam, od inercija?) sto e sepak daleku od vistinata. Treba, zatoa, da se potsetime na Monteskje i na negoviot Duh na zakonot. Toj tamu sovetuva: koga imate rabota so drumski razbojnik koj namislil da ve ograbi do gola koza, ne vredi da mu objasnuvate deka krsi zakon i deka za toa ke odgovara. Treba, ednostavno, da mu svitkate sija ili, so nozot so koj vi se zakanuva, da go naucite na pamet. |
| Osveta na Salieri, 18.01.2012 11:18:53 | Nashata vlast e nashiot Salieri: neuka, netalentirana i ljubomorna na lugjeto so vrednost |
| deko, 18.01.2012 11:26:12 | Bi sakal arhitektot da mi posoci nekoj vreden objekt od negovo vreme sto ne se raspaga i ne prokisnuva a bile tie objekti mnogu dobri i kvalitetni.I da mi odgovori dali licata sto go gradat i urbaniziraat gradot dali tie ne se arhitekti,gradezni inzineri za nego site tie lica se laici okolu 300-arhitekti.Kako e mozno samo toj i uste nekolkumina da se samo strucni i nikoj drug.Ova mi lici samo na eden golem klasicen makedonski inat,ako jas ne ucestvuvam vo gradenjeto na gradot toa ne cini.Neka go pogledne gradot sega i kakov bese toj pred izvesno vreme-bezlicen,siv,bez dusa kako periferija na nekoj grad. |
| Itar Pejo, 18.01.2012 11:48:37 | Potrebni se mnogu pozestoki i brojni reakcii pred se na arhitektite za ova sto ni se slucuva vo gradot. Zalosno e sto seto ona sto sega se gradi nema da moze da se rusi. Licno, se sramam koga ke pominam niz centarot, gledajki gi site tie novi kic kreacii koi treba da go pretstavuvaat liceto na Skopje, Makedonija i na site sto ziveat tuka. Sramota! |
| x, 18.01.2012 12:12:47 | arhitekturata e vo bezdna od 63 godina,a bezdnata se prodlaboci vo 90 tite godini so pomos na vidni prof. od arhitektonski na celo so GRCEV koi gi ovozmozija FAVELITE vo debarmaalo,rampa,vodno i slicno.Zatoa posle svadba tapanite se dzabe,a stilot na gradbite e prasanje na vkus se drugo e CISTA POLITIKA i neostvaren profit na plukacite. |
| od ostrijot, 18.01.2012 12:24:05 | da gospodine kaj nas se e imitacija samo siromastijata i ludiloto na ova vlada se orginal. |
| Внимателен читател, 18.01.2012 12:41:52 | Има некои дежурни коментатори на сите теми. Овие луге, веројатно штапски партиски официри се знаат и секогаш имаат исти став да ја заштитат злоупотребата на власта. Тие во секоја и најдобронамерна критика препознаваат загроза на власта, веројатно и на сопствените позиции, па трескаат ли трескаат глупости. Навредуваат реномирани имиња и признати вредности. Еве сега држат лекција на големи архитекти не разликувајќи сосема намерно, што значи авторство, а што е интервеција и замена на изолација, прозорци, врати и слично. За тоа има институти и изведувачи и без да се нарушува авторството може да се изведе кога сака сопственикот или инвеститорот.
Сосема друга работа е унакажување на градот со кич архитектура за која зборува авторот еден од најреномираните наши архитекти.
Реакцијата на некој си ДЕКО, дилетант, е срамна. Комунакцискиот центар на ВМРО ДПМНЕ треба да им обрне внимание дека со своето незнаење се штетни. Нека претстанат или нека земат малку да прочитаат нешто. Ептен се боси. |
| Професоре, благодарам, 18.01.2012 13:01:05 | Добро е, сеуште „коњи за трка имаме!“. Интелектуалноста сеуште не ја згаснале јуришниците на страховладеењето. Но, каде се и останатите? Не оние кои ги зеле тезгите. Доста ги кријат „вратовите од сабјата“. Се гледа како им се искривува кичмата. Зарем се спремни да продолжат да живеат лазејќи? |
| Сандра, 18.01.2012 13:30:01 | Оставајќи ни во аманет речиси се, старите Грци како своеврсни параметри, ни ги оставија и Фиди и Херострат. Првиот за да создава дела од неминлива убавина, а другиот, за да руши и уништива се што е убаво. Минуваат векови и милениуми, се менуваат царства и закони, а историјата се грижи секоја држава да има свој Фиди и Херостат.
Ако Фиди во МК пред оваа архитектонско беззаконие водеше ред да создава според барањата на својата епоха, па од од квалитетна бронза и камен да направи споменици и згради според сите светски архитектонски параметри, сега го имаме Херострат, кој на сите тие дела буквално им стави шминка, ги обезглави и од своите музеи, направи богови без глави и раце...Тој има пик и фрустрација на се што оставил бившиот режим, тоа и птиците го знаат.
Останува јасно...Неможе мртов јунак (во случајот градот Скопје) да се носи со жив вандал. Што еден ќе поквари, сто неможат да поправат |
| одговор за Деко, 18.01.2012 13:31:11 | Лепотане, најверојатно си од некоја македонска вукојебина штом не ги познаваш бисерите на модерната во Скопје.
1. Mакедонска опера и балет
2.Државниот архив на РМ
3. Студентскиот дом Гоце Делчев (дело на авторот на текстот г-дин Константиновски)
4. Македонски пошти
5. Гимназија Јосип Броз Тито
6. Гимназија Никола Карев
7. Влада на РМ
8. Градски Трговски Центар
9. Меѓународна железничка станица
10. Градска болница
11. Основно училиште Јохан Хајрих Песталоци
...итн итн
истите прокиснуваат и се распаѓаат пошо твојава дилетантска влада е истотака од некоја вукојебина и не ја знае нивната вредност,па си го лечи провинцискиот комплекс со творби како СК2014.
|
| Go sakam Skopje, 18.01.2012 15:24:25 | Se isklucok na nekolkumina koi dovagjaat od nekoja vukojebina, kako bi rekol eden od komentatorite,site se slozuvame deka ovoa KIC Skopje sluzi samo za sram na gradot i na drzavata,a nie koi go sakame,zalime za negovata izgubenata dusha.Site nie, sme mu iskreno blagodarni na avtorot na gorniot tekst koj sekako ke ostane nerazbran od grupa nepismeni so pomarandzesti ocila,bas tie koi so radost uporno ni ja unistuvaat ubavinata na gradot.No, samo na toa li ke ostaneme,da placeme i da si pisuvame pomegju nas? Nema li junak da ne sobere, pa da zastaneme i da napravime zid, pred urnistuvacite na nasite spomeni,od nekogasnoto Skopje? Zarem nie sme poslabi od DRUGITE koi kurazno, pa i drsko si gi branat svoite baranja?Ako e kasno da se urnat onie glupi gradbi od levata strana na Vardar, barem da se spasi onoa sto sega se so namera da gradat i kradat, da go ubivaat onoa malku sto ostana od Skopje koe i zemjotrest ne usoea da go unisti,na koe NOVITE decki sega se izeivuvaat |
| Od Branislav, 18.01.2012 15:36:28 | Koga ke izlezam na plostad vo mojot roden grad koj mnogu go sakam ike pogledam sto se gradi mi se place i veruvajte da moze Vardar kako reka da izbega od svoeto korito toa bi go storil za da izbega od nasilieto koe go pritisnalo i go zagusilo.Namesto ubavi kejovi na dvete strani na rekata ozeleneti setalista tamu novite objekti smo sto ne gi spustile vo koritoto na Vardar.Toa ne e urbanizam toa e varvarstvo.Inaku jas sum arhitekt i zalam sto nie arhitektite na vreme ne se organiziravme.da go sprecime ovoj zlocin. |
| q, 18.01.2012 15:41:56 | Доста бе! И сите Вие умислени архитекти, анархо-бригадисти, комунисти и наркомани!
Твојот стил марксистички ми ја навредува мене и душата и личноста! И не кажувај многу, многу... Се си е легитимно и легално, а кој губи нели ... си се лутиии ... ако ... |
| Do Deko od Sopiste, 18.01.2012 15:52:11 | 11 Univerzitetskata biblioteka-so evropska nagrada,12 Zgradata na MRTV, odlicna zgrada glupo iskoristena, Nova Makedonja, 13 Drzavniot Arhiv 14, 15, mnogu se! Tuku na provinciski dilei kako tebe Centaro ke im kaze BAROK i tie kako zeleni papagali-BAAAAROOOK(iako za niv baraka e isto)! Napravivte karikatura od ubavoto Skopje! |
| Vinci, 18.01.2012 15:54:00 | Kamo da imame poveke strucni mislenja i ukazuvanja na ovaa problematika, kako od pocituvaniot arh.Konstatinovski.Mozebi toa nema da dopre do takvite kako nekoj si Deko, x i slicni, koi kako sto so pravo gi narece nekoj od komentatorite, doagaat od kojznae koja vukojebina, zasto kolku i da e covek ,,bos,, , ako vnimatelno se procita sodrzinata na ovoj tekst ke razbere kakov arhitektonski teror se napravi vrz Skopje so Skopje 2014, a i ne prestanuva...E pa dragi sogragani, iako veruvam deka dobar del ne se slagame (nastrana pokondurenite) so ovoj ,,urban kic teror,, , ke mora da begame od plostadot, kejot, ke diseme ,,otrovi,,....samo do koga, ima li kraj????????????? |
| Наташа, 18.01.2012 16:13:59 | Професоре, секоја чест за текстот, за обезличувањето на централното градско подрачје на кое се наоѓа конгломерат од стилови. Сепак ќе кажам дека реакцијата Ви е многу задоцнета. Требаше наврема да се реагира. Да се реагира кога деталните планови, рака на срце, беа изложувани на јавна расправа. Вие и вашата фела можевте да реагирате, да демонстрирате заедно со вашите колеги,студенти и истомисленици. Можевте да присуствувата на седниците на Советот на О. Центар. Можевте да ја покренете јавноста се со цел да се спаси градот од неуките поединци. Навистина, сега после свадба тапани. Сепак добро е и некогаш одошто никогаш, барем за идните генерации на кои им ги оставаме проблемите кои тешко дека ќе можат да се решат. Секогаш е подобро да се спречи одошто да се лечи. |
| Goki, 18.01.2012 16:22:19 | уште повеќе е оневозможена природната промаја кон Водно и кон другите отвори на скопската котлина
Hahaha :) za toa kazi mu fala na Kenzo!
So samata konstrukcija na gradskiot zid se postigna sprotivniot efekt, i mesto da se zgolemi cirkulacijata na vozduhost, Skopjani se gusat preku leto.
Kade bevte nasi moderni i visoko obrazovnai arhitekti togas?
Za zal arhitekturata vo makedonija bila i e na nisko nivo veke vo poslednite 30-40 godini... a vie palete se ovde kako mladi majmuni na banani. |
| Игор, 18.01.2012 17:56:47 | професоре само да ве прашам - колку чинеше Меморијалниот комплекс Пелинце кој вие го проектиравте по идеја на Бранко Црвенковски,колку пари за проектот добивте вие лично, дали некого прашавте тогаш дали Македонците сакаат реплика на Св.прохор Пчински и дали орденот што го добивте од Бранко Црвенковски е за пелинце или и за некој друг проект? |
| тоа е, за жал, 18.01.2012 20:05:42 | Проф.Ѓ.Константиновски е авторитет од интернационално ниво со кого секоја земја би се гордеела. Такви личности ја градат културата и сликата на една земја. Арогантниот и понижувачки однос кон него од сопствениот народ го покажува цивилизациското ниво на тој народ. Таквиот однос кон него е потполно еквивалентен и на односот на народот кон градот Скопје. |
| Od daleku, 18.01.2012 21:14:04 | Za zal, plitkoumni i bosoumni (bosi vo umot), kako nekojsi Deko, Goki, q, x (nebare uste vo peleni ili gjoa tajni agenti) si zemaat ovde sila i zbor da drzat lekcii i da arcat necie vreme. Za zal, takvo vreme dojde, i narodot sam si kaza sto vlast si saka. No sto kje ostane koga lebot i cirkuskive igri kje gi snema, verojatno naskoro. Dali kje ostane samo sram i kaenje - kako sto veli Andric (izvinuvanje do bosoumnite zasto deneska Wikipedia ne raboti; Andric e edinstven Nobelovec od nasata poranesna tatkovina - ne ziveel u vasa zgrada ilu u vase maalo - 100%). |
| И јас го сакам Скопје, 18.01.2012 21:48:56 | Како што сугерираше коментаторот Go sakam Skopje, добро е да се искажат ставовите на граѓаните но неопходно е и нешто да се стори за да ние кои мислиме поинаку се избориме за тоа. А она што може да се стори е да се избориме на легален и легитимен начин да се спречат злосторствата на зградите од владата, просторот спроти хотел Бристол како и новите планови за јужниот булевар. Би бил среќен да се приклучам на секоја иницијатива која ќе се обиде да поведе битка против несреќата која не има задесено.... |
| Igor, 18.01.2012 22:15:47 | Se raboti za ziv vrven ekspert koj ne treba da go gledame politicki tuku covek koj zivee so Skopje a ima svetsko poznavanje, vreganjeto e odlika samo na neobrazovanite ke kaze Paskal i ja zapisa. E sega site se prasuvame dali trebase Skopje da nalikuva na Atina, toa e nostalgija na mnogu luge deneska koj ja brkaat rabota vo drzavata osven onie koj si gledaat profitot a ovie se zanimavaat so lego kockite i se srekni no da gi zamolime da ne ziveat vo taaa matrica i da izlezat od nejze zosto ova ne se stvarni lego kocki pa ke strusime smenime zborime za konkretni izgradeni proekti. Ne bi sakal vo direktna odbrana na profesorot da ostanam sakam site ideolzi (ovde ne e eden samo) da zamizat i vo 3d varijanta si go prestavat novoto Skopje niyu tronka nema da lici na Atina, kamoli Rim, Istanbul a da ne odletame do London primer. Jas se prasuvam i prasuvam dali tie imaat nekoe parce hartija mislam diploma a so toa i arhitektonski moral, ova oni sto go pravat mi izgleda na arhitektonska kapela |
| Ucenik na prof. Konstantinovski, 19.01.2012 00:01:32 | Koga arh. Konstantinovski specijalizirase vo Amerika kaj arh.Filip Jonson (svetsko ime) dedo mu na Deko, i mnogu drugi pasea ovci na Vodno. Vo vreme na komunizmot nemase diktatura za arhitektura . Deneska vmr-OVCITE diktiraat sto i kako da se gradi. Od tolku mnogu setanje vo svetot, Grujo mozese nesto da vidi i nauci. Vo 21-vi vek pravi barokni fasadi od gips-karton. Toa e noviot arh. stil Grujova KAKAFONIJA . Za da bide komplet 2014, treba i Skender-bek da se postavi pokraj Aleksandar, za da ima sozivot. |
| Zare, 19.01.2012 00:42:18 | Кој не земал ни денар од тендерите,има право да плаче |
| Mandic-London, 19.01.2012 02:42:25 | Pozdrav do pocituvaniot profesor Konstantinovski |
| Ајван Доктор® до:deko, 19.01.2012 11:22:29 | Никој не бара да останат само градбите од 1950(зградата на ЦК е изградена многу подоцна),туку градбите кои се изградени да се одржуваат и да останат такви како што се,а не секоја дворска луда да ги нагрдува и да се фали дека направил нов објект!Анахроност е да никнуваат квазибарокни згради во период во кој е незамисливо да се градат такви објекти,само затоа што такви имало во одредени европски метрополи!Погледот од Водно,открива дека има огромен празен простор каде твојот луд владетел можел да си го гради Циркусот„Скопје 2014п.н.е.“без да Нагрдува туѓи дела!Со својата куќа можеш да правиш што сакаш,но во туѓа,или заедничка зграда,само идиот може да се сети да прави по свое!Што ли знаеш ти од Убавото,штом се воодушевуваш на копирањето на туѓа култура и нагрдувањето туѓи уметнички и архитектонски дела?Зарем младите треба да живеат во XVII век,затоа што умислениот Нерон открил дека барокот бил убав?!Искомплексираниот,може да ги лаже само инфантилните,дечињата и аналфабетите! |
| Страшко Хаџи Коцев, 19.01.2012 13:35:21 | Почнувајки од мост „Обединети нации“: Три кули на ~30 м’оддал. од Вардар, две кули на ~30м’,сервис „Застава“ на ~40, болница „Систина“ на ~50, хотел „Александар Палас“ на ~150, градски стадион „Филип Втори“ на ~100, Влада на РМ на ~80, Спортска медицина на ~30, кули и блокови од „Градски Ѕид“ на ~150, Централна пошта на ~50, Електро дистрибуција на ~50, ГТЦ на ~40, Комерцијална банка на ~30, МАНУ на ~70, МКЦ на ~70, МРТ на ~80, Народна банка на ~60, Топлана „Исток“ на ~100, многу фабрики, погони, станбени згради во населба Аеродром ... Голем дел од наброените објекти се од 70,80 и 90 години на минатиот век, кога почитуваните странски стручни лица ја дале препораката за неградење во појас од 600 м. Од Вардар.
Ова согледување е добиено со проста анализа колега. Со финансиска и институционална подршка (која Вие сте ја имале со децении), согледувањата и анализите ќе беа многу посериозни и професионалните ставови поиздржани.
Вака, пишувајки по весници, професијата ја држите цврстона дно |
| Васка, 19.01.2012 14:11:12 | Скопје е светско наследство особено во архитектонска смисла и како такво никоја политичка гарнитура нема право да го посвои, да го обезличи. Времето е најдобар судија, но жалам што ваквите реакции не дојдоа порано, посилно и во поголем број. |
| Petre, 19.01.2012 14:57:34 | Arhitekturata treba da se zacuva. |
| viktor, 19.01.2012 16:53:23 | Конста��тиновски нека не се прави паметен прво нека си ги погледне своите монструми, гим.Н.Карев-Скопје, Студентски дом Г.Делчев-Ск, архивот на гр.Скопје во Тафталиџе, кич бункерот Александар Палас, со неговиот натур бетон слободно може да конкурира за архитект на Енвер Хоџа.А да не зборувам за делата на неговите т.н. модерни колеги и нивните монструми како Градски ѕид, НБРМ, Пошта, коцките на Муличковски и скокалницата на МНТ и едно чудо промашувања. |
| iko, 19.01.2012 17:00:31 | Najnova meta za izgradba na 10 katnici e Kapistec-Vodno, kaj gradinkata Kocho Racin. Istata ke bide pretvorena vo uste edna katna garaza. Koga ke se sluchi toa(a ke bide mnogu brzo), togash ke vidi Skopje sto znachat pekolni goreshtini i zadrzan(zagaden) vozduh. |
| miki, 19.01.2012 18:22:29 | Cestitki Professor.Cesto se mesa politika so arhitektura.Mnogu e zalno koga mlad covek (Deko)se izjasnuva pozitivno za ovoj sram od izgradeni objekti.Ne mora da se patuva ako se nema pari.Internetot e prisuten,tolku li se nema kriterium ili branejci gi objektite ja brani partijata sto e sosema besmisleno |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 11°C
Претежно облачно
|
Вторник
Обилни врнежи
Макс: 19°C, Мин: 5°C
|
Среда
Обилни врнежи
Макс: 12°C, Мин: 6°C
|
|
|
|
|
|