Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
17.01.2012, 18:42

Реплики

Босовите од „Топлификација“

Соња Крамарска

Низ кулоарите постои вистинско наддавање за тоа кои се главните акционери во друштвото кое немилосрдно ги пљачка скопјани

Додека за министрите кои доаѓаат и си одат пишуваме се' и сешто, има неколку луѓе во државава кои беа и останаа недопирливи. Босовите од „Топлификација“. Во јавноста се водат жестоки полемики за тоа кој министер колку сработил и дали ја злоупотребил својата положба, но за луѓето кои секој месец зголемуваат цени, не пишуваме речиси ништо.

Тие спокојно си живеат под дебела сенка, додека медиумите потрошија тони скапа хартија да ги опишат сите самоволија на ова акционерско друштво, чија единствена формула за успех се стотиците илјади скопски семејства кои немаат друг начин да се греат освен да се покорат на ќефовите на „Топлификација“.

Единствениот одговор со кој се штитат е дека се тие акционерско друштво со приватна сопственост и никој не може да го пробие бедемот на таа „приватност“. По се' изгледа ниту органите на државата задолжени за контрола над нивното работење.

Во општество како што е нашето успешните фирми се на удар, што и не е за пофалба. Кај нас да си успешен значи да си нечесен, односно дека успехот на фирмата е постигнат на начин што се коси со правилата во бизнисот. Тоа е перцепција против која треба да се бориме и да ја осудуваме. Но, „Топлификација“ според своето однесување дава знаци дека токму искористувањето на позицијата и нискиот степен на граѓански и потрошувачки права ги искористи за да се прикаже дека е успешна компанија. Всушност, акционерско друштво чии акционери се анонимни за јавноста, барем оние што се клучни играчи во фирмата.

Нејасно е како на една компанија која постои на јавна сцена и чии лидери се дел од елитно друштво блиско до политичките структури не им пречат секојневните приказни во весниците дека немилосрдно ја користат својата позиција за компаниско, а со тоа и за лично богатење врз грбот на илјадници семејства.

Во галеријата први луѓе на „Топлификација“ навидум нема ниту едно име кои би можело да ја заинтригира јавноста. Тоа е група колеги по професија, машински инженери, предводени од претседателот на Управниот одбор на АД „Топлификација“, Димитар Хаџи Мишев. Во тоа друштво се и неговите колеги по професија Ѓорѓи Ниневски, Ефтим Поцев, Христо Кировски, Дине Илиев, Александра Мароевиќ и Бисера Крстевска. Станува збор за генерациски блиски луѓе во петтата и шестата деценија од животот, кои несомнено имаат позитивен удел во работењето на компанијата. Но, ако тоа е на грбот на корисниците на нивните услуги, тогаш интересирањето на јавноста за нив е и тоа како оправдано. Нивниот мандат трае четири години, но нема ограничување за правото на реизбор, што значи некои можат да бидат и доживотно на функцијата.

Босовите од „Топлификација“ ниту во еден момент не се загрижија за кризите во снабдување со енергенси затоа што веќе имаат проверен рецепт. Тука е нивната Регулаторна комисија која им исполнува секоја желба, а тука се и скопјани кои ако сакаат да не премрзнат, ќе платат онолку колку што им бара „Топлификација“. Држава во држава.

„Топлификација“ има и Надзорен одбор, но колкава е неговата улога никој не знае. Низ кулоарите постои вистинско наддавање за тоа кои се главни акционери во друштвото. Вкупниот број на акции е 450 илјади, додека гласачки права има 2.758. Се лицитира со многу звучни имиња, а судејќи според тоа како се штанцаат високите сметки, тоа и не е далеку од вистината. Сите тие се комплетно анонимни за јавноста додека скопјани преживуваат ценовна агонија или премрзнуваат во неможност да ги платат астрономските сметки што им ги испраќаат босовите од „Топлификација“. Дале беса за молчење.

Одговорот дека „Топлификација“ е приватна фирма и како таква не подлежи на јавна критика и интерес за нивното деловно работење е целосно извртување на позицијата на приватното сопствеништво и релациите што една приватна компанија ги има со своите корисници. Злоупотреба од најсофицистиран вид, која може да се случува само во држава со неуредени внатрешни односи и каде што парата врти таму каде што бургијата не може.

Босовите арогантно велат дека тие се подготвени да го делат бизнисот со други компании кои ќе се пријават да ја работат таа дејност или ќе понудат алтернативни извори на греење, а всушност уживаат во немоќта на државата да понуди решение и да ги спаси граѓаните од нивниот де факто монопол иако компанијата се труди да се прикаже дека не е монопол.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, која дава зелено светло за ќефовите н�� „Топлификација“, Димитар Петров, вчера бесрамно кажа дека откажувањето на одделни корисници на парно греење значи дека сметката треба да им ја плаќаат оние што останале во системот на „Топлификација“. Односно, можат да умрат сите, само не и „Топлификација“. Ајде да видиме дали таква одредба е во согласност со Уставот и со граѓанските и потрошувачките права во оваа држава.

Шемата на оваа приватна компанија е веќе јасна. Прикажаа либерализација со цел да влезат конкурентски фирми и да падне цената, а всушност целиот бизнис го распределија на фирми кои се 100 процентно во нивна сопственост: Снабдување Исток, Снабдување Запад, Снабдување Центар и Снабдување на топлина ДООЕЛ. Се фалат дека се единствена таква компанија во регионот која извршила внатрешни реформи заради либерализација на пазарот. Колку е тоа во функција на корисниците - веќе гледаме.

Но, сето тоа не е возможно без соработка со државата. Ако Владата во најскоро време не се дистанцира од самоволието на „Топлификација“ и нивната очигледно спрега со Регулаторната комисија каде што членуваат луѓе блиски и до неа, ќе биде јасно дека целата операција за пљачкање на скопјани е со благослов од повисоко место.


Статијата е прочитана 2177 пати.

Испрати коментар



Каков леб Јадеме?
Архитектурата во бездна
Македонска демократура
Владин спас од беда



Pojaki se od Papata vo Rim, 18.01.2012 00:30:47
Dzabe pisuvas Kramarska. Potrosivte toni hartija za taa Toplifikacija no taa e nedodirliva. Pozdi seto stoi cist kriminal podrzan od vlijatelni akcioneri a regulatornata komisija e samp za da gi izvrsuva nivnite naredbi. istata e potkupena i uceneta da raboti po cefot na ovie mocnici. Zatoa mislam deka pobrgo ce go smenat papata vo Rim otkolku sto nekojh ce napfa viu promena vo Toplifikacija.Edini lek e da Skopjkani komplet ,desetici i povece iljadi izlezat na protest i ja blokiraat Toplifikacija. Barem ce imame eden aramija pomalku.Nekoi raboti kade ocigledno gledas deka sistemot ne pomaga se resavaat i so ulicni nastapi
Смрт за зони и пајак-возила, 18.01.2012 07:29:17
Општината, а не Државата, е надлежна за снабдување со топлинска енергија. Таа надлежност е доделена со член 22 став 1 точка 4 од Законот за локалната самоуправа. Но нашите општинари повеќе сакаат да поставуваат рампи и зони, и да „ стопанисуваат “ со пајак - возила, одколку да го работат она што е нивна надлежност. За се не треба да се обвинува Државата и од неа да се очекува помош, туку да се притиснат општинарите.
Skopje, 18.01.2012 08:54:01
Срамота е да не знаете дека доколку некој поседува макар и една акција од наведената компанија има право да побара и ќе добие акционерска книга од Централен Депозитар за хартии од вредност и ќе може да види, ако го интересира, кој се е акционер во компанијата. Пред да напишете нешто, прашајте...
Mirko, 18.01.2012 09:38:58
Sonja se nadevam go gledase Branko na 24 i ocekuvam da napises nesto vo vrska so ona sto go napisa za TELEKOM Jas kokku razbrav BC javno gi povika instituciite da go rsat problemot.
Горан, 18.01.2012 09:54:53
Државата ��реба конечно да ја укине одредбата да не мора да се објавуваат имињата на акционери кои имаат помалку од 5% акции за да видиме кои се е акционер во топлификација и слични фирми и кој ја злоупотребува положбата за да им овозможи поголеми профити на овие компании, а индиректно и на себе.
igor, 18.01.2012 10:42:05
G-gjo Kramarska, Podnesetre baranje do Centralniot depozitar za Hartii od Vrednost, Makedonskata Berza i obidetese da doznaete koi se akcionerite pa poentirajte. vaka samo prazni zborovi redite a bosovite maka si nemaat
Vrskata e so Vladata, 18.01.2012 10:46:35
Tatkoto na Ministerot za zdrastvo minatata godina go vraboti Toplifijkacija iako ovaa godina odi vo penzija!?A stecajcite so 55 godini satrost ne moze nikoj da gi vraboti poradi godinite!
Mark, 18.01.2012 11:32:12
Pocituvana urednicke, poslednive meseci, zaklucno so vcera, benzinot ja dostigna najvisokata cena dosega! Interesno, ni vie a ni drugite novinari zborce ne kazavte? Dali mozebi parite sto gi davate za benzin se so alal, a onie za parno kako od srce da vi gi kornat??? Inaku- za da pobedite na naddavanjeto u poverenje-najgolem akcioner vo Toplifikacija e slovenskiot fond Poteza so okolu 17% od akciite.
Kapetan Nemo, 18.01.2012 13:02:41
Do sega nieden novinar ne go postavil problemot na nekolku monopoli (energensi, bankarstvo, osiguruvanje, telekomunikacii) koi ja krojat sudbinata na RM, a do sega tie se uste se zastiteni od site vladi. Zatoa nema gas, nema svetski banki, imame skap zelen karton. Pa zatoa i na Grujo ne mu se vleguva vo EU.Sto bi rekle Srbite STO GORE TO BOLJE.
el torero, 19.01.2012 10:06:38
Zosto ne pisuvate za najvaznoto,kako i na koj nacin toplifikacija se transformira vo privatna firma iako bese javno pretprijatie.Toa vazi i za ad butel, toa se dve firmi koi pravat rsum vo Skopje i ocigledno e deka nekoj stoi zad niv.Zosto ne se privatiziraa i drugite javni pretprijatija tuku tokmu toplifikacija i butel.A sto se odnesuva do spregata so prethodnata i segasna vlast taa e jasna,prethodnata vlast mizese koga tie se privatiziraa a segasnava preku regulatornata komisija im udovoluva na site nivni neopravdani baranja za pokacuvanje na cenata.So eden zbor pravat sto sakaat i nikoj nisto ne im moze bidejki imaat silni mentori i nikogo ne fermaat si teraat po svoe i ne bricat na suvo.Toa vo civiliziranite zemji se vika monopol i takvi firmi i nivnite menadzeri se gonat po sluzbena dolznost,no za zal ne i kaj nas,ova e Balkan.!!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Претежно облачно

Вторник
Обилни врнежи
Макс: 19°C, Мин: 5°C

Среда
Обилни врнежи
Макс: 12°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |