Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Забава
17.01.2012, 16:09

Неговото височество - Качамак

Палента, качамак или бакрдан е суперхрана, незаменлив здрав оброк за ладните зимски денови

Старото традицио��ално јадење од балканските простори, кое во модерните времиња го носи вкусот на егзотика за странците, но и за овдешните нови генерации, се препознава под неколку имиња, меѓу кои најчестите варијанти се качамак, палента и бакрдан.

Суперхрана - пченкарното брашно е незаменливо за зимските ладни денови и поради вкусот, ама и поради своите карактеристики: има способност да го чисти црниот дроб, спречува анемија, незаменлив борец против бронхитис, ги заштитува крвните садови и, над се', е многу вкусна основа за здрав оброк.

Сепак, она што ги карактеризира јадењата - палента и бакрданик е остриот вкус на пченкарното брашно. Навратете се на традицијата со неколку рецепти за специјалитети од пченкарно брашно, кои можеби се' уште не сте ги пробале. Зимата е идеално време за качамак во неколку варијанти.

Планински каЧамак

Потребно е: 250 г пченкарно брашно, 1 кг младо овчо сирење, по потреба - малку сол

Иситнетото сирење се става во тенџере и полека се загрева, со мешање, се' додека не пушти млеко. Потоа, постепено се додава брашното и се меша на тивок оган додека масата не почне да пушта маснотија и да се одвојува од ѕидовите на садот. По потреба се додава уште малку сол и веднаш се служи.

КаЧамак варен на млеко

Потребно е: 1,5 л млеко, 1 л кисело млеко, 500 г пченкарно брашно, 2 јајца, малку сол

Се вари млекото, потоа се замешува киселото млеко, па кога и тоа ќе проврие, полека се замешува пченкарното брашно и заматените јајца, со постојано мешање со дрвена лажица. Се вари дваесетина минути, се' додека смесата не почне да се одвојува од ѕидовите на садот. Се посолува по потреба и веднаш се служи.

КаЧамак со каЈгана

Потребно е: половина килограм пченкарно брашно, 250 г кајмак, 4 јајца, малку сол и масло и по желба - магдонос.

Во поголем лонец се ставаат 2 л вода и една лажичка сол на оган, па кога ќе проврие водата, се сипува пченкарното брашно со постојано мешање. Се вари 20 минути, со мешање, додека качамакот не почне да се одвојува од ѕидовите на садот во кој се вари. Додека е врел, качамакот се сипува во чинија во која ќе се служи, се премачкува со кајмак и одозгора се става испржената кајгана. По желба, се посипува со исечкан магдонос и веднаш се служи.

КаЧамак со лук

Потребно е: половина килограм пченкарно брашно, 2-3 главички кромид, малку масло за јадење и сол, лажица црвен пипер, кисело млеко

Се ставаат да провријат на оган 2,5 л вода со една лажица сол, а потоа постепено се замешува брашното и се вари со постојано мешање се' додека качамакот не се одвои од рабовите на садот. Се префрла во чинија за служење и се прелива врз ребренца пржени во масло со кромид и, на крајот, зачинети со црн пипер. Се служи веднаш со кисело млеко.

КаЧамак со гулаш

Потребно: една кутија инстант-палента, 250 г јунешко без коски, 3 поголеми главички кромид, една чаша бело вино, малку масло, сол и црн пипер и по желба лист од магдонос и чаша кисела павлака

Исечканиот кромид малку се продинствува за да омекне, па се додава јунешко исечено на ситни коцки, па со долевање малку вода се динствува за да омекне. Се полева со вино и се зачинува со сол и црн пипер и уште малку се пржи за да изврие течноста. Се вари инстант-палента според упатството на кутијата, по желба малку погусто, се префрла во чинија за служење и одозгора се сипува гулашот. По желба се посипува со листови од магдонос и кисела павлака.

КаЧамак со компир

Потребно е: 250 г пченкарно брашно, 500 г бел компир, 250 г кајмак, една лажичка масло, сол

Излупените компири се варат во солена вода, па кога ќе омекнат, се цедат и се пасираат. Во водата во која се вареле компирите се додава уште вода, до 1 литар, се остава да проврие, а потоа се замешуваат (со постојано мешање) со дрвена лажица: пченкарното брашно, пропасираните компири, кајмакот и маслото. Се вари околу 45 минути, со мешање, па потоа се служи. Може да се јаде и со слатко или кисело млеко, или јогурт, според желба.

Влашки каЧамак

Потребно е: 1 кг бело пченкарно брашно, 2 лажици маст, лажичка сол

Се ставаат 2,5 л вода да провријат со маст и сол, а потоа се сипува целата количина брашно одеднаш и без мешање се остава брашното да се впие. Потоа, на тивок оган се вари уште 15 минути. Понатаму се вари мешајќи со дрвена лажица се' додека масата не почне да се одвојува од ѕидовите на садот. Се служи со млеко, кисело млеко, кајмак или сирење.

КаЧамак со каЈмак

Потребно е: половина килограм бело пченкарно брашно, 200 г кајмак, една лажичка сол

Два литра вода со сол се остава да проврие, па се тргнува од огнот и одеднаш се сипува целото количество брашно. Се враќа на шпоретот и во средината се прави дупка со сукало за водата да пробие во брашното и на тивок оган, без мешање, да се вари се' додека водата не побели и не стане густа. Се одлева малку вода во шолјата, а остатокот во лонецот се меша со сукало додека качамакот не почне да се одвојува од лонецот. Ако е премногу густ, може повторно да се додаде одлиената вода од шолјата. Потоа, со голема лажица се вадат грутки од качамакот, а во средината на секоја се става по малку кајмак и се реди на чинијата за служење. Веднаш се служи.

КаЧамак со пилешки Џигер

Потребно е: половина кутија палента, 500 г пилешки џигер, главичка кромид, 2 лажици масло или путер, шолја кисела павлака, малку сол, црн пипер и ливчиња магдонос

Се вари палентата според упатството на кутијата. Се сечка кромидот и се динствува додека не омекне, па потоа се додава џигерот и се пржи. Пржениот џигер се трга од огнот, се прелева со кисела павлака, се посолува според вкус и се зачинува со црн пипер и исечкан магдонос. Во чинијата за служење се става врелата палента, а одозгора се прелева со џигерот и сокот и веднаш се служи.

Цицвара

Потребно е: 500 г пченкарно брашно, 250 г младо бело сирење, 100 г кајмак, 200 г путер, сол

Се растопува путерот и кајмакот, па со мешање се додава издробено сирење и брашно. Се меша на тивок оган додека масата не почне да се развлекува. Неколку пати се превртува, а потоа се префрла во чинија и веднаш се служи.


Статијата е прочитана 5808 пати.

Испрати коментар



Нова песна на Виктор Апостоловски
Патот на дрогата не ја заобиколува Македонија
Тони Зен и Маракуја први на музичкиот канал Ем-Ти-Ви
Тандемoт што раѓа моќни песни
Што прават денеска
Со театар против семејното насилство
Загрижувачки слабее по разделбата со Качер



nemanjici, 19.01.2012 00:05:37
ova vie super prodolzete so recepti od postariot period za dobroto na mladite kojse na brza hrana bez kvalitet i koj ne znaat stoe dobroto jadenje,ova samo migo osvezi pamtenjeto za prigotvuvanje na stariot dobar bakardan vi blagodaram.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Претежно облачно

Вторник
Обилни врнежи
Макс: 19°C, Мин: 5°C

Среда
Обилни врнежи
Макс: 12°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |