13.01.2012, 12:21 (ОБНОВЕНО) Мртво бебе најдено во контејнер кај Универзална
На телото од женското новороденче не биле пронајдени траги од насилство. Полицијата трага по родителите
Мртво новороденче утринава беше пронајдено во центарот на Скопје. Станува збор за женско бебе, на чие тело, барем првично, не биле забележани траги од насилство. Грозоморниот чин ги шокира граѓаните и јавноста. Надлежните извршија увид и трагаат по родителите на новороденчето. Се истражува дали бебето било мртво или живо пред да биде оставено во контејнерот. Обдукцијата треба да утврди колку било старо бебето и кои се причините за смртта.
Бебенцето било забележано неколку минути пред 11 часот на раскрсницата од улиците „29 Ноември“ и „Борка Талески“ зад Универзалната сала. Го забележале скитници, кои копале по контејнерот.
„Собираа пластични шишиња, наеднаш свикаа ‘бебе, бебе‘. Мртво беше бебето, немаше што да направиме, освен да повикаме полиција“, велат вработени во околните дуќани. (Г.А.)
(Поопширно во утрешното печатено и електронско издание на „Утрински“)
|