25.01.2012, 18:42 Георгиев пријавил докторски труд, а ќе го оценуваат колеги од партијата?!
Потпретседателот на СДСМ пријавил докторат на Правниот факултет, а според неофицијални информации, во комисијата за оценка членува Ана Павловска-Данева
Еден од потпретседателите на СДСМ, Гордан Георгиев пријавил докторски труд на Правниот факултет, а според неофицијални информации, во комисијата за оценка на темата и кандидатот меѓу другите се наоѓа неговата партиска колешка, потпретседателката на СДСМ, Ана Павловска-Данева. Другите двајца номинирани членови се Борче Давитковски и Гордана Силјановска. В петок, Наставно-научниот совет треба да се изјасни околу составот на комисијата.
Георгиев потврди дека поднел тема за докторски труд, но дека не зависело од него кој ќе биде член на тричлената комисија која за трудот ќе треба да реферира пред Наставно-научниот совет на факултетот. Тој не е расположен да даде изјава на оваа тема и дали членувањето на неговата колешка, Павловска-Данева, од етичка гледна точка со коси со ангажманот во комисијата каде би требало да се оценува подобноста на темата и на кандидатот.
Од Правниот факултет демантираат дека се избрани членовите на комисијата. Деканот Борче Давитковски негира дека веќе се знаат имињата, кои, според него ќе се утврдуваат в петок, за кога е закажана седница на Наставно-научниот совет.
Ана Павловска-Данева вели дека нема добиено известување од Правниот факултет дека е член на комисијата која ќе одлучува во врска со предложената тема за докторски труд на Георгиев.
„Не знам дали сум член на рецезентската комисија за оценка на подобност на кандидатот, м-р Гордан Георгиев бидејќи таква одлука од мојот факултет немам добиено досега. За ова прашање одлучува Наставно-научниот совет на факултетот, кој, досега, колку што знам, не донел одлука дека сум член на ваква комисија“, коментира Павловска-Данева.
Таа вели дека е неизбежно да биде член на комисија ако се работи за пријавена докторска дисертација на скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ ако темата е од областа на јавната администрација од проста причина што само таа и деканот на Правниот факултет, Борче Давитковски се единствени професори по јавна администрација на факултетот и универзитетот. Тие, како што рече, се и единствените акредитирани ментори за оваа област од страна на Министерството за образование и наука.
„Оттука, кој било кандидат да пријави докторска дисертација од областа на јавната администрација на Правниот факултет Јустинијан први, нема други професори кои се експерти за оваа област. Од правна гледна точка, нема никаков судир или кршење на законот доколку Наставно-научниот совет на Правниот факултет донесе одлука дека јас треба да бидам член на таа комисија. А, ако ме прашувате за етички аспект, исто така, не постои никаква пречка луѓето со иста политичка идеологија да бидат професори, ментори и членови на комисии на канидати како што не постои пречка да бидам ментор и член на комисија, а сум била, и на истакнати партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ“ тврди Павловска-Данева. (П.Р.) |
|
Статијата е прочитана 6949 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Marioec od Azija, 26.01.2012 03:33:06 | Ajde dosa tropanje gluposti.Gordane kupi si Sampanjsko i nazdravje neka ti e doktorce.Kakva profesorka takvi i doktorcinja ce imame. |
| ZRAK, 26.01.2012 05:38:57 | Nisto novo veke poznat recept i na dvete partii,razlikata e sto dpmne gi doskolova i svoite clenovi,dodeka ovie od sds doktoritenitu pomislija za svojata sitna boranija. |
| Citatel, 26.01.2012 08:10:30 | Sto stana Utrinski vesnik? Obicen zolt pecat, podlizurkovci na vlasta. Posle tolku mnogu godini se sramam sto sum citatel na Utrinski. Pocnavte da pisuvate vistinski gluposti nelogicni i neinteresni samo za da i se dodvorite an vlasta |
| Miki, 26.01.2012 10:10:55 | Ова веќе заличува на лудница. Па зарем е можно некој да побара да завладее принципот на Бадинтер и при определување членови на комисија за оценка на докторски труд. Што треба да се прави кандидатите треба да се произнесат на која политичка партија и припаѓаат, а потоа комисијата да се избира на паритетна основа, почитувајќи го правото на вето на членовите на Наставно-научниот совет на факултетот кои имаат иста политичка ориентација, а потоа ... Соземете се луѓе. Ова не води кон добро. Зарем професорите имаат еден научен аршин за членови на една, а друг за членови на друга политичка партија. Глупост, која ја е објавена и одобрена за објавување. |
| Опозицијата да не се образува., 26.01.2012 11:53:25 | Море, Народе, Македонски, олабавете малку! Кога Премиерот ви Ваш, како премиер „одбрани“ магистерски, скоро да немаше проблем. Се најави дека и докторат ќе „брани“, помина лесно. Е, сега, Опозиционер ќе брани. Тоа е страшно. Сега, удри. Кога се на власт, СДСМ, тоа не го прават, имаат доблест. Но, сега, согласно гласноговорниците на власта, и во опозиција не може да се надградуваат. Ова е лакрдија. Да се забрани за опозицијата да се образува. |
| ФЕЛИКС, 26.01.2012 12:36:41 | Добро е што партиски колеги ќе го распрашуваат идниот доктор на науки а сегашен докторант,да беше пооинаку ќе требаше да менува факултет или да се откаже од докторатот.Вака меѓу своите,ќе се нема трема,нема многу прашување околу дисертацијата оти так нормално се се знае наизуст,што туку тормозење кога веќе стигнал дотука.Дури очекувам партиската колешка да биде мноооогу строга,оти се бара знаење а не партиско профилирање.Да беше вака некој од власта Citetelot ќе имаше поинаков приод,ама кога се работи за своите тогаш утрински е ,,жолт печат,,Да го парафразирам Хераклит ама обратно,,се тече,ништо не се менува,,. |
| Пис мачору!, 26.01.2012 16:11:02 | Феликсе,пред кого ја бранеше пастирот втората магистратура!!!Пред Трајко Славевски , а во публиката беше Единицата за брзи интервенции! |
| Nata, 26.01.2012 16:50:50 | Pa sto e Georgiev vinoven sto poveketo od profesorite se clenovi na SDSM. Sto treba da ceka nekoj od VMRO-vskata inteligencija dojden od zemjodelska zadruga da bide clen vo komisijata pa togas da polaga. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -1°C
Облачно
|
Сабота
Делумно облачно
Макс: -1°C, Мин: -7°C
|
Недела
Делумно облачно
Макс: 1°C, Мин: -9°C
|
|
|
|
|
|