25.01.2012, 18:20 Кирилов гледа омраза во Македонија
БРИСЕЛ – Бугарскиот европарламентарец Евгениј Кирилов, по гласањето во ЕП и прифаќањето на ставот дека Македонија и Бугарија треба да формираат заедничката комисија од експерти што ќе ја толкуваат историјата, изразува скепса дека тоа е доволно бидејќи во нашата држава младите место со факти се хранат со омраза.
„Сведоци сме на тренд, кој има врска со иднината на Македонија како потенцијална членка на ЕУ, и кој е многу контрапродуктивен. Тој е поврзан со погрешно толкување на историските факти. Во овој случај, ние не зборуваме за Грција, каде што се работи за античката историја, туку за бугарската историја. Ако ги погледнете историските интерпретации, јасно е дека омраза се негува од соседната земја, без разлика што имаме заеднички историски моменти, со која би требале да имаме братски односи. Напротив, овој тренд продолжува и е оставина од поранешни времиња“, изјави Кирилов.
Според него, токму затоа историските факти имаат потреба од разјаснување и барем дискусиите треба да се водат на научно ниво.
„На крајот на краиштата, ако некои интерпретации на историските факти не можат да бидат надминати, некои големи луѓе што ние ги нарекуваме Бугари, а тие Македонци, може да се чествуваат заеднички“, изјави Кирилов. (Фокус) |