31.01.2012, 13:28 Владо Илиевски пред трансфер во Локомотив Кубан
Илиевски, незадоволен од малата минутажа, која ја ја добиваше во изминатиот месец, се реши да го напушти Анадолу Ефес
Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Владо Илиевски, се наоѓа пред потпис на договорот со Локомотив Кубан, екипа во која настапува Џеремаја Мејси.
Илиевски, незадоволен од малата минутажа, која ја ја добиваше во изминатиот месец, се реши да го напушти Анадолу Ефес. Името на Илиевски веќе го нема ниту на официјалната страница на турскиот клуб.
Локомотив Кубан во рускиот шампионат се наоѓа на четвртото место на табелата, со скор од 5 победи и 4 порази. Екипата која од клупата ја предводи трофејниот српски тренер, инаку актуелен селектор на Словенија, Божидар Маљковиќ, се натпреварува и во Топ 16 фазата во Еврокупот.
Илиевски годинава одигра 11 лигашки натпревари и 10 средби во Евролигата за Анадолу Ефес, забележувајќи по околу 4 поени и 2,5 асистенции во просек. Репрезентативниот плејмејкер е еден од ретките кошаркари со преку 150 натпревари во Евролигата.
Доколку овој трансфер се реализира, Локомотив Кубан би бил 10-от клуб во кариерата на Илиевски, по Партизан, Анталија, Унион Олимпија, Барселона, Лотоматика Рома, Болоња, Монтепаски, Тау Керамика и Анадолу Ефес.
|