01.02.2012, 12:30 Мемфис подобар од Денвер по продолжение
Најефикасен кај „гризлите“ беше Руди Геј со 20 поени и 13 скокови, а кај гостите се истакна Ал Харингтон со 23 поени и 10 скокови
Во НБА лигата ноќеска се одиграа седум натпревари, а најнеизвесно беше во Мемфис каде домашната екипа и Денвер мораа по дополнителните пет минути да го решат победникот, откако во регуларниот дел беше 91:91. По петте минути во продолжението, Мемфис забележа од победа од 100:97.
Најефикасен во Мемфис беше Руди Геј со 20 поени и 13 скокови, а кај гостите се истакна Ал Харингтон со 23 поени и 10 скокови.
Кошаркарите на ЛА Лејкерс имаа лесна задача против за нив секогаш незгодните, но оваа сезона најслабиот тим во лигата, Шарлот Бобкетс. Коби Брајант постигна 18 поени само во првата четвртина, односно вкупно 24 по првото полувреме, па тренерот Мајк Браун реши да го одмори во второто полувреме.
Бајнам со 20 поени и 11 скокови ги предводеше Лејкерс до победата од 106:73, а најефикасен кај гостите беше Вокер со 12 поени.
На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Торонто – Атланта 77:100, Кливленд – Бостон 90:93, Индијана – Њу Џерси 106:99, Њујорк – Детроит 113:86 и Голден Стејт – Сакраменто 93:90.
Вечерва играат: Филаделфија – Чикаго, Орландо – Вашингтон, Бостон – Торонто, Њу Џерси – Детроит, Милковки – Мајами, Њу Орлеанс – Феникс, Далас – Оклахома Сити, Минесота – Индијана, Сан Антонио – Хјустон, Портланд – Шарлот и Јута – Лос Анџелес Клиперс.
Источна конференција: Чикаго 18-5 (победи-порази), Мајами 16-5, Атланта 16-6, Филаделфија 15-6, Индијана 14-6, Орландо 12-9, Бостон 10-10,...
Западна конференција: Оклахома Сити 16-4, Лос Анџелес Клиперс 12-6, Денвер 14-7, Далас 14-8, Јута 12-7, Лос Анџелес Лејкерс 13-9, Сан Антонио 13-9,... зс/10:06
|