31.01.2012, 23:25 Нов Зеланд и Ангола први пречки на патот до Лондон
Доколку завршиме на едно од првите две места во групата Д, во четвртфиналето вкрстуваме со двете првопласирани од групата Ц, која ја сочинуваат Русија, Доминиканска Република и Кореја.
Репрезентациите на Нов Зеланд и на Ангола ќе бидат противници на македонската репрезентација на предолимпискиот турнир што од 2 до 8 јули ќе се одржи во Венецуела, така одлучи вечерашната ждрепка во Каракас.
Доколку завршиме на едно од првите две места во групата Д, во четвртфиналето вкрстуваме со двете првопласирани од групата Ц, која ја сочинуваат Русија, Доминиканска Република и Кореја. На Олимпијадата во Лондон ќе патуваат победниците во полуфиналните натпревари, како и победникот во натпреварот за третото место.
„Морам да бидам задоволен бидејќи на новинарските прашања во пресрет на оваа ждрепка изјавував дека би сакал да се сретнеме со Нов Зеланд и со Ангола, или евентуално Јужна Кореја“, изјави селекторот Лазовски за МТВ при преносот од извлекувањето на групите за предолимпискиот турнир.
Во останатите групи ќе играат:
Група А: Грција, Порторико, Јордан. Група Б: Литванија, Венецуела, Нигерија. Група Ц: Русија, Доминиканска Република, Кореја.
|