01.02.2012, 12:20 Јунајтед се израмни со Сити на врвот на Премиер лигата
Јунајтед синоќа со головите на Хавиер Хернандез и Димитар Бербатов со 2:0 го победи Стоук, додека Сити загуби на гостувањето кај Евертон со 1:0.
Екипата на Манчестер Јунајтед се изедначи по бројот на освоени бодови со градскиот ривал и лидер на табелата во Премиер лигата, тимот на Манчестер Сити.
Јунајтед синоќа со головите на Хавиер Хернандез и Димитар Бербатов со 2:0 го победи Стоук, додека Сити загуби на гостувањето кај Евертон со 1:0. Стрелец на единствениот гол на дербито на „Гудисон парк“ во 60.минута за Евертон беше Дерон Гибсон.
На другите натпревари од 23.коло од Премиер лигата одиграни синоќа постигнати се следниве резултати: Вулверхемптон - Ливерпул 0:3, Свонси - Челзи 1:1 и Тотенхем - Виган 3:1.
Вечерва се играат другите пет натпревари од оваа рунда, а двојките се: Астон Вила - Квинс Парк Ренџерс, Болтон - Арсенал, Сандерленд - Норвич, Фулам - ВБА и Блекбурн - Њукасл.
Табела: Манчестер Сити 54 бодови, Манчестер Јунајтед 54, Тотенхем 49, Челзи 42, Ливерпул 38, Арсенал 36 (натпревар помалку), Њукасл 36 (натпревар помалку)...
|