01.02.2012, 12:40 Од студот во Украина досега починаа 43 лица
Студот во Украна во последното деноноќие го однесе животот на уште 13 лица, со што бројот на жртви на ниските температури во земјата се накачи на 43, соопшти денеска Министерството за вонредни ситуации.
Украина ја преживува најстудената зима во послендите шест години, со ноќни температурите до минус 33 степени Целзиусови.
Министерството соопшти дека од сите 43 лица, загинати како резултат на студот во последните пет дена, 28 билие најдени на улица, седум во нивните домови, а осум починале додека им била укажувана медицинска помош.
Повеќето жртви биле бездомници.
Стотици луѓе биле примени во болница со смрзнатини, хипотермија и други здравствени проблеми, предизвикани од студот.
Неколку илјади затоплени шатори се поставени на различни места во земјата за да ги прифатат бездомниците, на кои им се раздаваат храна и напитоци.
|