31.01.2012, 11:31 И натаму владее студениот бран на Балканот
Втор ден од портокаловиот код, поради студот и ниските температури во Бугарија. На некои места температурите надминуваат минус 25 степени. Метеролозите за денеска предвидуваат ветровите време, што дополнително го зголемува студенилото и температури од минус 15 до минус 20.
Полициски тимови заедно со социјалните служби патролираат во општините каде има најголеми снежни наноси за да може брзо да се интервенира за помош на бездомниците.
Студ и ниски температури ја зафатија и Грција, а најстудено е во северните делови на земјата. Поради ураганските ветрови и високите бранови, бродовите е забрането да ги напуштаат пристаништата во Пиреја, Рафина и Лаврио. Властите ги советуваат возачите задолжително да користат зимска опрема поради снегот и мразот на патиштата.
Неверојатни минус 40-45 степени во Казахстан
Невиден студ го парализира Казахстан, каде на места температурата на воздухот падна под минус 40 степени. Медиумите соопштија дека 21-годишно момче замрзнало во степата, во западната Атирауска област.
Синоптичарите прогнозираат дека студот ќе продолжи и во следните денови, пренесоа руските медиуми. Предупредување за бура денеска беше прогласено во осум од 16-те казахстански области.
Изминатата ноќ во три области се регистрирани температури од околу минус 40-45 степени. До крајот на неделата студот во северен Казахстан ќе се задржи на околу минус 43 степени, предвидуваат метеоролозите. Драстично опаднаа и температурите во јужен Казахстан, што веќе стигнаа до 30-35 степени под нулата.
|