01.02.2012, 14:36 Лаушевиќ задоволен што доби српски пасош
Актерот изјави дека побарал барање за добивање пасош откако претседателот на Србија, Борис Тадиќ, го помилувал неколку дена пред Нова година.
Актерот Жарко Лаушевиќ изјави дека е задоволен што добил српски пасош, кој му беше врачен вчера од страна на српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, во конзулатот на Србија во Њујорк.
„Задоволен сум зашто министерот Дачиќ ми врачи српски пасош, тоа е мало изненадување за мене. Не очекував дека ќе биде направено баш на ваков начин“, изјави Лаушевиќ. Тој додаде дека побарал барање за добивање пасош откако претседателот на Србија, Борис Тадиќ, го помилувал неколку дена пред Нова година.
Тадиќ го помилува Лаушевиќ на 29 декември минатата година. Актерот неколкупати е осудуван на затвор поради оружениот инцидент во Подгорица во кој двајца загинаа, а еден беше тешко ранет.
Жарко живее во САД, а инцидентот за кој е два пати осудуван се случил во кафулето „Епл“ на 31 јули 1993 година. Во Србија од неодамна се продава неговата автобиографија „Годината минува, денот никако“.
|