31.01.2012, 13:11 (ФОТО) Кира Најтли во ново секси издание за „Џи Кју“
Откако го сними филмот „Опасен метод“, во кој се одважи да сними жестоки сцени на секс, 26- годишната Британка, Кира Најтли продолжи по тој пат и сними разголен едиторијал за магазинот „Џи Кју“
Таа открила дека за малку ќе се откажела од својата последна улога, зашто не можела да ги сфати жените, кои се склони на садизам и мазохизам. На снимањето не ретко и помагала чашка со вотка, особено кога биле во прашање сцените со секс.
Филмот на Дејвид Кроненберг наскоро ќе пристигне во британските кина, а говори за врската на психијатрот Карл Јунг и неговата пациентка Сабине Спиерлин, која ја толкува токму Најтли.
Во приватниот живот Кира веќе една година е вљубена во членот на бендот „Клаксонс“, 28- годишниот Џејми Рајтон.
|