31.01.2012, 11:44 „Кармина Бурана“ повторно во МОБ
На сцената во Македонската опера и балет, во петок во 20 часот, повторно ќе биде изведена сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф
Како оперски солисти ќе настапат - Наде Талевска, сопран, Горан Начевски, баритон, Ѓорѓи Цуцковски, тенор, додека балетски солисти се Марија Кичевска, Мими Поп Алексова, Ивана Коцевска, Бобан Ковачевски и Игор Велановски. Претставата ќе се изведе под диригентство на Бисера Чадловска. Либретото и кореографијата се на Кан Арслан од Турција, сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимограф на операта е Елена Дончева, а на балетот Гизем Бетил од Турција.
„Кармина Бурана“ е базирана на 23 поеми од збирката средновековни текстови и песни под исто име пронајдена во манастир во јужна Германија. Најпознат сегмент е „Фортуна Императрикс Мунди“ со кое се отвора и затвора делото.
|