Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
31.01.2012, 14:33
Драмскиот театар ќе постави шест премиери во 2012



„Генетика на кучињата“ по текст на Венко Андоновски и режија на Дејан Пројковски е од минатогодишната програма и ќе биде прва изведена - на крајот на фервуари или почетокот на март

Драмски театар-Скопје (ДТС) оваа година ќе постави шест премиери од кои една - „Генетика на кучињата“ по текст на Венко Андоновски и режија на Дејан Пројковски - е од минатогодишната програма и прва ќе биде изведена - на крајот на фервуари или почетокот на март.

- Ова е сериозна и голема претстава, и по габарит и по естетска вредност и бара посебно внимание, рече директорот на ДТС. Бранко Ѓорчев на прес-конференција.

Следни премиери годинава се: во март - „Записи од мртвиот дом“ според романот на Достоевски, во режија на Ирена Стеријовска, до летото ќе биде поставена „Вртелешка“ од Артур Шницлер, во режија на пет студенти под менторство на Дејан Пројковски, за „Охридско лето“ и за Фестивалот на античка драма во Стоби ќе се подготвува „Архелаос“ на Јордан Плевнеш, во режија на Владо Цветановски и по септември обновената „Солунски патрдии“ на Миле Поповски, во режија на Коле Ангеловски, и „Македонска крвава свадба“ од Војдан Чернодрински на режисерот од Хрватска Сташа Зуровац.

Ѓорчев рече дека статистички, врз број на изведени претстави на ДТС, ќе се одрази формирањето на театар „Комедија“, кој почнува да работи со свој репертоар во просторот на ДТС и ќе ја користи неговата сцена од шест до осум термини месечно.

Драмски годинава има за 15 отсто поголем буџет од лани. Покрај премиерите, планира и нова содржина напролет - ревија на претстави од театарите од внатрешноста. Ќе бидат поканети не само национални институции, туку и проекти на приватни компании.

За 2013 година ДТС ќе поканува странски режисери или македонски со меѓународна кариера. Веќе е закажан Александар Поповски да режира нов текст на Горан Стефановски и тоа е сигурно првиот проект за идната година со кој Драмски ќе аплицира за поддршка во Министерството за култура.








Статијата е прочитана 509 пати.

Испрати коментар



Цртани филмови со Македонската филхармонија
Лаушевиќ задоволен што доби српски пасош
„Чувства. О. Сеќавања“ - нова книга за клавијатуристката од ЕКВ
Карл Кокс во Белград на 28 април
Софија Вергара најпосакувана жена на светот
Јанг работел со Џобс на нов формат за продукција на звук
Благој Нацоски во опера со прочуениот Андреа Бочели
(ФОТО) Кира Најтли во ново секси издание за „Џи Кју“
„Кармина Бурана“ повторно во МОБ
Синтија Никсон - Бисексуалка сум, одбрав хомосексуална врска
И Министерката за култура се сретна со принцот Мајкл
„Феникс“ најавува многубројни настани на „Фестивалот на чајот и читањето“
Џоли и Пит им забраниле на децата да читаат за нив на Интернет
Tрибина во чест на Кирил Ристоски во МНТ

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -5°C

Слаби снежни врнежи

Четврток
Снег
Макс: -1°C, Мин: -6°C

Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 4°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |