31.01.2012, 22:09 Попоски во Вашингтон ќе побара Македонија да биде примена во НАТО
„Аргументите навистина се истрошени за блокирање на напредокот на Република Македонија на овој пат, изјави Попоски по денешниот министерски состанок на ПСЈИЕ во Белград.
Македонија ги исполни сите критериуми за членство во НАТО, очекува поддршка од сите земји членки на Алијансата и смета оти се истрошени сите аргументи за блокирање на нејзиниот напредок на овој пат.
Тоа е пораката што шефот на дипломатијата Никола Попоски ќе ја пренесе на средбите што ќе ги има утре и задутре во Вашингтон, каде што ќе учествува на Молитвениот појадок што го приредува претседателот на САД Барак Обама.
- Со САД имаме секогаш многу отворен и конструктивен дијалог. Сметам дека денес е недвосмислен фактот оти сите сакаат да ја видат Македонија час поскоро во НАТО. Од тој аспект пораката која сакаме да ја упатиме во претстојниот период е дека Македонија навистина ги има исполнто сите критериуми кои се неопходни за членство и мислиме дека од тој аспект кредибилитетот на процесот на евроаталантска интеграција треба да се задржи со тоа што ќе ни се даде можност да седнеме на заедничката маса. Очекуваме поддршка од сите земји членки, вклучително и од нашиот јужен сосед. Мислиме дека аргументите навистина се истрошени за блокирање на напредокот на Република Македонија на овој пат, изјави Попоски по денешниот министерски состанок на ПСЈИЕ во Белград.
Оцени дека белграската средба на ПСЈИЕ овозможила продуктивна дебата, со оглед дека е надминат периодот кога беше успех воопшто на една маса да се најдат претставниците на сите земји од регионот и да дебатираат за регионалната перспектива.
- Фактот што сите процеси на соработка во регинот се поврзани со интеграцијата во ЕУ мислам дека е силен фактор за мотивација за реформи во сите земји. Хрватска која се приклучува кон европското семејство дава дополнителна мотивација за сите земји кандидати и потенцијални кандидати да го следат истиот пат. Заедничка констатација беше дека фактот што Европа се соочува со сериозни предизвици на внатрешен план треба да биде аргумент за дополнителна интеграција за земјите од регионот. Од аспект на Македонија дефинитивно го заслужуваме тоа. Шест години сме земја кандидат, трета година добиваме препорака и би бил логичен заклучок, по толкав процес, толку реформи и предизвици со кои се имаме соочено да го започнеме процесот на преговори. За тоа очекуваме поддршка од сите земји од регионот, особено од оние кои се веќе внатре во семејството на ЕУ, истакна Попоски.
Македонскиот министер за надворешни работи на маргините од состанокот на ПСЈИЕ ќе има билатерални средби со неговите колги од Турција и Хрватска, Ахмет Давутоглу и Весна Пусиќ, како и со домаќинот српскиот министер за надворешни работи Јеремиќ.
На средбата во Белград од 12 земји членки, шест присуствуваат на ниво на министри за надворешни работи. На состанокот се присутни и претставник на данското претседателство со Унијата, на ОБСЕ и на Регионалниот совет за соработка.
Србија ќе го заврши претседавањето со ПСЈИЕ во јуни со самитот на шефови на држави влади во Белград, по што едногодишното претседавање со птоецесот го презема Македонија
|
|
Статијата е прочитана 533 пати.
|
Испрати коментар
|
|
aleks, 01.02.2012 02:34:44 | nato i e potreben na makedonija da se odbrani od grcija koja koristejki gi divjacive sto palat crkvi saka da ja destabilizira makedonija. |
| Dragica Lapajkoska-Belchevska, 01.02.2012 03:57:04 | Popovski ce bara za priem vo NATO.
Ubavo smisleno,posakuvano,no kolku te slusa NATO ili samo ce te ,,potapka,,po ramo vo znak na ,,priem,,.
Daj Boze da sum gresna. |
| mojso, 01.02.2012 07:02:43 | a manastirite so gi palat? toa ne e argument? |
| od ostrijot, 01.02.2012 09:38:00 | da popovski ke pobara prijem vo nato a amite kemu recat vazi decko smenetego imeto. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -5°C
Слаби снежни врнежи
|
Четврток
Снег
Макс: -1°C, Мин: -6°C
|
Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 4°C, Мин: -1°C
|
|
|
|
|
|