31.01.2012, 11:18 Унгарскиот „Малев“ без пари, Владата вети помош
Унгарската државна авиокомпанија „Малев“ се соочува со недостиг на финасиски средства, а една од причините е тоа што мора да ја врати државната помош во висина од неколку стотици милиони долари од претходните години
Унгарската Влада најави дека ќе и помогне на компанијата. Само неколку часа, откако Владата почна да подготвува реструктурализација на долгогодишниот загубар со цел да го спречи банкротот, раководството на фирмата објави дека од февруари го нема решено финансирање. Владата оваа компанија ја смета од стратешко значење и најави помош. „Малев“ во годишниот промет на аеродромот во Будимпешта учествува со 40 проценти.
Извршниот директор Лорант Лимбургер на состанокот на раководството го информира Управниот одбор дека и покрај подобрувањето на деловните резултати, финансирањето на претпријатието кон крајот на овој месец станало неодржливо и не е решено за понатаму.
Ситуацијата на „Малев“ значително се искомплицира по неодамнешното соопштение на Европската комисија дека компанијата мора да ја врати државната помош од неколку стотици милиони долари, која ја добила во периодот од 2007 до 2010 година. Сумата, која фирмата треба да ја врати е еднаква на прометот на „Малев“ за цела 2010 година.
|