31.01.2012, 13:15 Фонтаните во Вардар ќе прскаат од 1 април
Фонтаните во Вардар се готови или не? Сигурно честопати се запрашале граѓаните кои минуваат преку Камени мост, но и другите. Прскаа ден-два пред и после прославата на 8 Септември на Плоштад. Оттогаш не се во употреба а нема ниту градилиште околу нив што би асоцирало дека сеуште се градат.
„Конечно се комплетно готови но не се во употреба од оправдани причини. Ќе функционираат слично како и фонтаната на Воинот. Зимно време заради можност од замрзнување на водата во системот на фонтаната, нема да работат. Ќе бидат исклучени во период од 1 ноември до 1 април“ објаснуваат од Центар. Велат дека после 8 Септември на нив нешто се доработувало, па, од тие причини не прскале. Дури комплетно биле завршени стасал зимскиот режим на работа. (Дс.Т.)
|