01.02.2012, 11:33 Нетанјаху победи на партиските избори
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху победи на вчерашните избори за лидер на неговата десничарска партија Ликуд.
Резултатите од пребројувањето на 85 проценти од гласовите рано изутринава покажуваат дека Нетанјаху го победил својот ривал, ултранационалистот Моше Феидлин со 75 во однос на 24 проценти од гласови.
Нетанјаху синоќа прогласи победа кусо по затворањето на гласачките места.
- Ликуд го претвори Израел во една од најразвиените земји во светот во образованието, културата и заштитата на животната средина, рече Нетанјаху, но не најави одржување на општи избори, нагласувајќи оти има уште време.
Тие избори се планирани за крајот на 2013 година, но поместувањето на партиските избори наведе многумина да помислат дека Нетанјаху поради добриот пласман и нив ќе ги објави порано.
- Пред нас има големи предизвици. Убеден сум дека ќе се пробиеме на нашиот пат, патот на Лукуд, изјави израелскиот премиер.
Очекувано беше дека Нетанјаху по петти пат ќе победи на партиските избори, но излезноста на членовите на Ликуд беше мала, што меѓу другото се припишуваше на лошото време. Гласаа само половина од 125 илјади членови на Ликуд.
|