31.01.2012, 13:24 Сменет селекторот на борачите Глигоров
До изборот на нов кормилар, репрезентацијата ќе ја води рускиот тренер Гари Модосјан
На последната седница на Управниот одбор на Федерацијата на боречките спортови беше донесена одлука за смена на досегашниот селектор на македонската репрезентација Страшо Глигоров. Ваква одлука и се очекуваше, бидејќи во последно време имаше многу недоразбирања на релација селектор - Федерација, па, едноставно, мораше да дојде смена на Глигоров, бидејќи тој, практично, и не ги водеше борачите на последните големи меѓународни настапи, ниту беше со нив на подготовки.
До изборот на нов селектор со најдобрите борачи на Македонија, кои се подготвуваат за настап на Европското првенство во Белград и за трите квалификациски турнири, на кои ќе се обидат да ја исполнат олимписката норма, ќе работи тренерот на Бучим од Радовиш, Русинот Гари Модосјан. (М.М.)
|