01.02.2012, 15:34 Смирување на тензиите и враќање на соживотот
Ова се дел од заклучоците на собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците, кој денеска расправаше за последните случувања во Струга и Струшко
Целосно смирување на состојбата и враќање на довербата меѓу етничките и верските заедници. Централната и локалната власт да продолжат да го поттикнуваат меѓусебниот дијалог и соработка, невладиниот сектор да биде силен партнер за јакнење на довербата, верските заедници да ги негуваат вредностите на толеранција, разбирање и почит меѓу луѓето, а медиумите да придонесат за смирување на тензиите, се дел од заклучоците на собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците, кој денеска расправаше за последните случувања во Струга и Струшко.
Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко кој учествуваше во протестот на исламските верници, побара од неговиот колега од Вевчани и од организаторите на Вевчанскиот карневал јавно да се извинат, за, како што рече, учеството на Вевчанскиот карневал на маски со навредлива содржина за исламот. Тој упати порака да се сочува заедничкиот соживот, но и етничкиот и професионалниот однос меѓу заедниците во општина Струга и во иднина да нема нереди.
Вевчанскиот градоначалник Перо Илиески го осуди сквернавењето на црквите во Октиси и Лабуништа и бојкотот на Здравствениот дом во Вевчани, каде, како што рече, повеќе од 50 години најпрофесионално и најодговорно се пружа грижа за сите граѓани независно од нивната верска и етничка припадност.
Тој нагласи дека Вевчанскиот карневал не е за да навреди, туку го изразува слободаркиот дух и сатирата, она што граѓаните не само од општина Вевчани туку и пошироко да го изразат своето видување на она што поминало во изминатата година. Илиески ги повика жителите на Дримколскиот крај независно од верската припадност со своите псотапки да придонесат кон развој на економските, политичките, културните и други прилики.
- Иднината на Македонија, па и на овие краишта е во Европската унија, порача Илиески, нагласувајќи дека Вевчани од секогаш било синоним за човекови права и борба за слобода.
Претседателката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи Валентина Божиновска заклучи дека Македонија е лидер во Балканот заради етничката и верската толеранција. Спроед неа, сите заедно мора да знаеме на каков начин ќе се вложат и поединците и нивната реторика без популистички основ. Повика на смирување на негативните страсти и никој задулисно да не профитира од верските чуства.
Манифестирањето на нетрпение преку јазикот на омразата кој, како што истакна народниот правобранител Иџет Мемети, е присутен во последно време води кон поделба и создавање на тензични ситуации може да предизивкаат само штета.
Свештеникот Благоја Ацески во име на Македонската православна црква го осуди настаните во Струга и Струшко кои придонесуваат за нарушување на етничкиот мир и верската толернација во Република Македонија. Упати апел до сите граѓани да се донесуваат разумно и одговорно и да приднонесат за создавање услови за нормален соживот достоен за една демократска држава.
Претставникот на ИВЗ Дритон Дикена нагласи дека протестот во Струга не е игра на политика, туку, како што рече, само потреба да и се сврти внимание на јавноста за спречување на негативните процеси. Тој се надева дека палењето и сквернавењето на црквите не е направено од припадниците на исламот, бидејќи, според него, тој што крева рака врз верски храм во тој момент престанува да биде и муслиман.
Силвана Бонева, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ нагласи дека соживотот во оваа држава е традиција на сите. Смета дека е изгубена битката за оние кои мислат дека меѓуетничките односи може да направат во Република Македонија да се случуваат нешта кои, како што рече, никој не ги посакуваме или некои кои мислат дека заради политички поени може да направат провокации и тензии вклучувајќи навреди на меѓуверска и меѓуетничка основа за тие да се истакнат како бранители на сопствениот народ и етникум. Упати апел до градоначалниците на локално ниво да водат сметка за секој искажан збор, констатација и навреда кон друга етничка заедница или религија, па макар и на друга политичка партија.
- Ние сме тие кои треба да испратиме позитивен сигнал до граѓаните дека не сме тие кои потпалуваме и што манипулираме со нив за да страдаат после нивните чеда. Секој ја има одогворноста да се труди покрај сопствената агенда како политичка партија над се да му биде мирот и стабилноста на Република Македонија градејќи го преку толернација, соживот и почитување на различноста на сите граѓани, подвлече Бонева.
Пратеникот Орхан Ибраими од ДПА смета дека проблемот во Струшко не е меѓуетнички, туку оти е вештачки за да се дефокусира јавноста од проблемите.
Џеват Адеми од ДУИ рече дека вината е поголема и подалечна од Вевчанскиот карневал и оти „на сите ни се заканува опаснот и заедно ќе гориме во оганот кој можеби неко�� и со цел го потпалува“.
За Оливер Спасовески од СДСМ зачувувањето на меѓуетничката и меѓуверската толеранција и напредувањето на овие односи мора да бидат приоритет на сите релевантни политички парии во државата, но и на претседателот, Владата, верските заедници, локалната самоуправа... и во тој правец рече дека треба да делуваме сите заедно.
- Не смееме да дозволиме дневно политичките интереси да се алатка за остварување на тесно партиски полтички инереси, а да не го имаат во предвид соживотот и толеранцијата и иднината на граѓаните на Република Македонија, додаде Спасовски.
|