31.01.2012, 13:59 Поглаварите на МПЦ и на ИВЗ на средба кај Иванов
Претседателот Ѓорге Иванов денеска попладне во вилата Водно ќе има средба со поглаварите на Македонската православна црква и на Исламската верска заедница, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и Реис ул улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи.
На средбата, иницирана од Иванов, ќе стане збор за последните случувања во Струга и Струшко и се очекува да биде упатена заедничка порака за смирување на состојбата.
|