Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
30.01.2012, 15:04
Џафери: Ќе ги преземеме сите мерки за смирување на страстите во Струга



Протестите во Струга создаваат лоша клима и ја нарушуваат меѓусебната почит и доверба. Ќе ги преземеме сите мерки на локално и на централно ниво за да се смират страстите

Ова го изјави вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери по средбата во Владата со албанскиот амбасадор во Македонија Арбен Чејку, во одговор на новинарско прашање.

- По анализата на настаните ќе се преземат сите неопходни мерки за организаторите. Не можам однапред да прејудицирам кој ќе биде обвинет. Целта е да се смират страстите и состојбата да се нормализира, онака како што очекуваат граѓаните од претставниците на централната и на локалната власт, нагласи Џафери.

Сите настани, посочи, треба да се канализираат до институциите кои се надлежни.

- Како јавен функционер нема да си дозволам политички да ги осудувам, ниту едните, ниту, пак, другите пред да ги истражиме сите настани, бидејќи може да направиме двојна грешка и дополнително да ги иритираме страните. За жал неочекувано и во 2012 година кај нас се уште се случуваат провокативни настани кои емоционално ги провоцираат граѓаните независно од која страна и да се, рече вицепрмеиерот Џафери.

Прашан за негова можна смена од местото вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор, Џафери рече дека не е морално да дава одговор на прашањето бидејќи е објект на шпекулации.

- Обврска на партиските органи е да ја оценуваат работата на сите функционери, па потоа како партија да извлечеме заклучоци колку кој заслужува за понатаму да биде на јавна функција, појасни Џафери.

На средбата со амбасадорот Чејку, станало збор за координирање на активнстите меѓу двете земји за одбележување на 100-годишнината од независноста на Албанија.

Јубилејот, рече албанскиот амбасадор во Македонија, треба да биде надвор од секакво политичко влијание и додаде дека Албанија ги поддржува евроатлантските интеграции на Македонија.

- Зборувавме за неколку значајни теми поврзани со меѓусебните односи, за значењето на целосносто спроведување на Охридскиот договор, како и за ангажирањата кои се прават во врска со одбележувањето на 100-годишнината од независноста на Албанија, изјави амбасадорот Чејку.

Тој посочи дека станало збор за догворите кои се во процес на склучување и оние кои треба да се направат во иднина, како што е договорот за слободно преминување на државната граница без пасоши и договорот за водите.





Статијата е прочитана 1254 пати.

Испрати коментар



Уште девет лица починаа од премрзнување во Полска
На критичните места во Скопје фрлени 280 тони сол
Премиерот Груевски и владиниот тим на бизнис форум во Бурса
Сообраќајот отежнат, забрани за товарни возила на повеќе правци
Принцот Мајкл најави нови британски инвестиции
Тупурковски ослободен од обвинението за тајванските кредити
Смирување на тензиите и враќање на соживотот
Оштетен џипот на градоначалникот на Кавадарци
Кољо Американецот ги призна измамите со кредити
Тодоров - Пристапот до здравствената установа да биде еднаков за сите граѓани
Жбогар специјален претставник на ЕУ во Приштина
Петстотини нови паркинг места во Капиштец
Додик - РС не отфрлува дејтонска конструкција на БиХ
Додовски објави згаснување на ВМРО-НП, членството се враќа во ДПМНЕ
Бејта - Градоначалникот на Вевчани виновен за тензиите
Македонија мост за турските компании кон Европа
Од студот во Украина досега починаа 43 лица
Нафтата под 99 долари, се зголемија резервите во САД
Холанд ја зацврстува предноста пред Саркози
Раководството и членовите на ВМРО-Народна се враќаат во ВМРО-ДПМНЕ
Нетанјаху победи на партиските избори
Премиерот Груевски се сретна со македонските иселеници во Измир
Почина новинарката на „Дневник“ Натали Сотировска
Селаните го спасија од пожар манастирот во Мала Речица
Попоски во Вашингтон по поддршка за членство во НАТО
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги осудуваат случувањата во Струга
Попоски во Вашингтон ќе побара Македонија да биде примена во НАТО
Македонец во Чешка уапсен поради дрога
Словачки пратеници голи против пратеничкиот имунитет
Прегазен пешак на патот Тетово - Јажинце
И виното на „Тиквеш“ патува за Британија
Зафировска - Судскиот совет постапува по наводите на адвокатите во „Пајажина“
По синоќешниот инцидент во Лабуништа е мирно, но напнато
Поглаварите на МПЦ и на ИВЗ на средба кај Иванов
Централна тема интеграцијата на Македонија во НАТО
Фонтаните во Вардар ќе прскаат од 1 април
Потпишан договор за ветерните електрани во Богданци
Италијанските пратеници си ги намалија платите за 1.300 евра
Милановиќ - Хрватска ќе ги поддржи соседите на патот кон ЕУ
Смирете ги меѓуетничките страсти, повикаа странците
Заеднички софтвер за систем-операторите од 15 држави во ЈИЕ
И натаму владее студениот бран на Балканот
Членките на ЕУ постигнаа договор за фискалниот пакт
Унгарскиот „Малев“ без пари, Владата вети помош
Изгаснат пожарот во Лабуништa, црквата не е изгорена
Груевски во Анкара на бизнис средба со Ердоган
Бесими - Од прием на Македонија во НАТО би профитирале сите
Запалена црквата во струшкото село Лабуништа
Груевски - Турција e важен трговски партнер на Македонија
ИВЗ - Исламофобијата е комбинирана со владина пропаганда
Дизелот поевтинува за два денара, бензинот поскап за 0,5 денари
Ракометарите одликувани со „Медал за заслуги за Македонија“
Ограбени две спортски обложувалници
Саркози ќе го зголемува ДДВ-то на 21,1 отсто
Ја убиле зашто три пати родила женско
Пасати и лада нива за градската администрација
Британски „Дејли Мејл“ најпопуларно интернет издание
Шешељ од Хашкиот трибунал бара отштета од два милиони евра
Лани во Албанија извршени 124 убиства
Претседателот Иванов ќе ги одликува ракометарите со „Медал за заслуги“
Во Струга засилено присуство на полицијата
Британски банкар се откажа од добивката од приближно милион фунти
Кастро - Повеќепартискиот систем е опасност за независноста на Куба
Пронајдена 17-та жртва на бродоломот на „Конкордија“
Погрдни графити испишани на црквата Св. Никола во Октиси
Владата во офанзива по турски инвестиции



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -2°C

Снег

Четврток
Снег
Макс: -1°C, Мин: -6°C

Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 4°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |