01.02.2012, 11:27 Јанг работел со Џобс на нов формат за продукција на звук
- Стив Џобс беше пионер на дигиталната музика. Неговото наследство е огромно, но кога одеше дома слушаше музика од винили, изјави Јанг
Рокерот Нил Јанг изјави дека работел на развој на нов формат за продукција на високо квалитетен дигитален звук со неодамна починатиот основач на компанијата Епл, Стив Џобс.
- Стив Џобс беше пионер на дигиталната музика. Неговото наследство е огромно, но кога одеше дома слушаше музика од винили, изјави Јанг.
На вчерашната конференција „Д:Нуркање во медиумите“ рече дека разговарал со Џобс околу создавање формат кој би овозможил 20 пати поквалитетна продукција на звук од кој било досегашен дигитален формат, вклучувајќи и MP3.
Таквиот формат би соджел 100- процентен квалитетен музички запис како оној снимен во студио, во однос на пет отсто компресираниот формат вклучувајќи го и AAC форматот на Епл и би можел да чува музичка содржина од „само“ 30 музички албуми.
Меѓутоа снимањето на секоја песна би барало околу 30 минути што би можело да се толерира доколку форматот би бил оставен тоа да го одработи во текот на ноќта.
|