01.02.2012, 11:30 Софија Вергара најпосакувана жена на светот
Четириестгодишната колумбиска глумица е најстарата жена на која и припадна оваа ласкава титула откако AskMen.com. во 2000-та година ја востанови наградата
Според изборот на повеќе милион читатели на проталот AskMen.com, глумицата Софија Вергара е избрана за најпосакувана жена на светот. Четириестгодишната колумбиска глумица е најстарата жена на која и припадна оваа ласкава титула откако AskMen.com. во 2000-та година ја востанови наградата.
На второ место е манекенката Кејт Аптон, а на трето Руни Мара, ѕвездата на филмот „Мажи кои мразат жени“. На четвртво место е манекенката на Викторија Сикрет, Миранда Кер, а на петто раперката Ники Минаџ. Кети Пери е на 16-то место, а Лејди Гага на 18-то место.
Меѓу избраните 100 најпосакувани жени во 2012 година се најдоа и Ким Кардашијан, Џенифер Лопез, Блејк Лајвли, Стејси Киблер, Скарлет Џонсон, Меган Фокс и Адел.
Кејт Миделтон е на 11-то место, а нејзината сестра Пипа на 98 место. На списокот ги нема Анџелина Џоли и Џенифер Анистон.
|