01.02.2012, 13:02 Карл Кокс во Белград на 28 април
Кокс доаѓа во Србија осум години по настапот на фестивалот „Urban Experience“ и тоа во организација на „Авалон продукција“, а на настапот ќе го промовира актуелниот студиски албум „All Roads Lead To The Dancefloor“
Легендарниот британски диџеј и продуцент Карл Кокс ќе има свое шоу на 28 април во Белград, кое ќе се одржи во центарот „Belexpo“. Кокс доаѓа во Србија осум години по настапот на фестивалот „Urban Experience“ и тоа во организација на „Авалон продукција“, а на настапот ќе го промовира актуелниот студиски албум „All Roads Lead To The Dancefloor“. Со актуелниот албум Кокс го претставува и револуционерниот УСБ- формат на албумот кој константно преку интернет се ажурира со нови содржини, без разлика дали се работи за нови ремикси, снимки од настапи или ексклузивни интервјуа со фотографии и апликации за смарт-телефони.
Музичкиот амбасадор кој е роден на Барбадос годинешната сезона на Ибица ја круниса и со прослава на 50. роденден. Влезниците за шоуто во Белград ќе се најдат во продажба веќе од понеделник по цена од 1.500 денари.
|