Тимот од Билбао со двата гола на Љоренте во првиот полуфинален дуел славеше на гостувањето против третолигашот Мирандес со 2:1
Фудбалерите на Атлетик Билбао со 2-1 славеа на гостувањето против третолигашот Мирандес во првиот полуфинален меч од шпанскиот Кралски куп, и со една нога се веќе во големото финале.
Победата на гостите им ја донесе Љоренте со двата гола во првиот дел, додека домаќинот единствено успеа да намали во судиското продолжение преку Ламбари.
Вечерва (21 ч.) во втората полуфинална пресметка се среќаваат Валенсија и Барселона. Реванш дуелите се закажани за 7. и 8. февруари.