01.02.2012, 15:16 Кољо Американецот ги призна измамите со кредити
Кољо Николовски (49), познат како „Кољо Американецот“ се изјасни за виновен во Федералниот суд во Кливленд за пропаста на штедилница во Истлејк и измама тешка 5,6 милиони долари. Како што јавуваат американските медиуми, Николовски се изјаснил за виновен по 18-те обвиненија за давање мито, банкарски измами и перење пари. Казната ќе му биде изречена на 23 април, а прогнозите се дека би можел да биде осуден на девет години затвор.
Тој беше уапсен поради малверзациите со кредити што довеле до пропаста на штедилницата „Свети Павле Хрватска кредитна унија“. Во периодот од 2003 до 2009 година, Николовски во соработка со Ентони Рагуз, кој бил директор во штедилницата, успеал да земе кредити во висина од 5,6 милиони долари. Земените пари никогаш не ги вратил на штедилницата. Според медиумите, дел од парите тој ги задржал за себе и неговото семејство, додека два милиони долари биле испратени на сметки во македонски банки. Од нив, наводно биле пронајдени 850 илјади долари
|