30.01.2012, 13:03 Пасати и лада нива за градската администрација
Градските власти купија три коли, а ќе пазарат уште четири. Досега за нив потрошиле околу 70.000 евра
Градските власти купија три коли, а ќе пазарат уште четири. Досега за нив потрошиле околу 70.000 евра. Толку платиле за два пасата и една лада нива. Сите коли, како што објаснуваат од Градот, ќе бидат наменети за потребите на администрацијата. Велат дека набавката се реализира со средства одобрени од Советот и практично тие се токму парите коишто градоначалникот Трајановски сакаше да ги потроши за мерцедесот од кој кусо време откако го купи, сепак, се откажа.
„Потребата од возила за администрацијата е актуелна со години. Со постојниот возен парк едвај ги реализираа теренските обврски. Со оваа набавка состојбата значително ќе се подобри“, велат од Град Скопје. Сеуште не можат да прецизираат кога ќе ги купат и уште планираните четири коли. Постапката била во тек. Во јавната набавка е наведено дека се бара едно командно возило и три патнички дизел возила со пет врати. (Дс.Т.)
|