01.02.2012, 12:38 Нафтата под 99 долари, се зголемија резервите во САД
Нафта изутринава во текот на електронското работење на берзата во Њујорк се тргува по цена нешто под 99 долари за барел, додека инвеститорите ја проценуваат важноста на веста за растот на резервите на „течното злато“ во САД и показателите на спориот економски раст.
Цената на американската „лесна“ нафта за терминална испорака во март на Њујоршката стокова берза порасна за 24 центи на 98,72 долари за барел, додека истовремено европската „брент“ нафта на Меѓународната берза на нафта во Лондон поскапе за 20 центи на 111,18 долари за барел.
Американскиот институт за нафта (АПИ) синоќа соошти дека резервите на тој енергенс во САД минатата недела се зголемиле за 2,1 милион барели, додека аналитичарите очекуваа уште поголем раст, од три милиони барели.
Истовремено залихите на бензин се намалија за 220.000 барели, додека резервите на дизел и маслото за домаќинство се зголемени за 970.000 барели, се наведува во извештајот на АПИ.
Извештај за резервите во САД попладне би требало да ги објави статистичката служба на американското Министерство за енергетика.
Инвеститорите го очекуваат извештајот за вработување во САД во јануари кој треба да биде објавен в петок. Аналитичката фирма „Конференс борд“ вчера соошти дека потрошувачката доверба во јануари опаднала во однос на декември со оглед на тоа дека Американците се позагрижени во врска за своите приходи, цената на бензинот и условите на работење отколу што биле порано.
- Податоците од американската економија влијаат врз поевтинување на нафтата, а аналитичарите очекуваат и дека податоците за вработување ќе бидат неповолни. Може да се очекува дека цената на нафтата ќе биде колеблива и во текот на февруари, се наведува во извештајот на консултанската фирма „Ритрбас енд асосиејтс“.
|