Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
01.02.2012, 11:00
Почина новинарката на „Дневник“ Натали Сотировска



По долго и тешко боледување, вчера почина нашата колешка Натали Сотировска, долгогодишна новинарка во дневниот весник „Дневник“. Натали имаше само 44 години, а беше еден од новинарите кои беа дел од првата постава кога весникот „Дневник“ застануваше на нозе и прв пат се појави на пазарот.

Целиот свој шеснаесетгодишен новинарски стаж Натали му го посвети на пишување текстови за правосудството и борбата против корупцијата, а во кариерата ја водеше желбата да се развива истражувачкото новинарство. Меѓу колегите важеше, пред се', за принципиелен новинар, препознатлива по текстовите, по својата објективност, податливост. Со еден збор, беше пример за сите.

За жал, не успеа да ја победи битката со болеста, која само ја направи похрабра, поиздржлива, што не го криеше, туку, напротив, се гордееше со тоа. Се радуваше на секој нов ден и таа позитивна енергија која се гледаше на нејзиното лице и нејзиниот изглед кој не' восхитуваше ни ја ширеше на сите. Зашто кога ќе ја сретнев на скалите додека се разминувавме одејќи на настани или кога ќе помислев на неа, Натали ми беше асоцијација за живот. И сега додека го пишувам ова, се сеќавам на нејзината насмевка која не и' се симнуваше од лицето. Постојано беше насмеана, иако сите знаевме дека длабоко во себе ги криеше сите маки и сите тажни моменти што ја повредиле во минатото.

Така и ја запознав, уште кога ги почнував своите први новинарски чекори. Беше повлечена, тивка, одмерена во зборовите, контактиравме само службено. Со нетрпение го очекував следниот број на весникот за кој работеше. Секогаш знаеше да изненади со нејзината аналитичност и начинот на кој им приоѓаше на работите - повеќе кажуваше кога пишуваше.

„Натали беше дел од првата екипа која го покрена весникот ’Дневник‘. Таа беше новинарка на која објективноста во пристапот кон сите теми и' беше на прво место. Никогаш не се поведуваше по некаков сензационалистички пристап, туку секогаш бараше да се држиме до аргументи и во текстовите да ги застапуваме ставовите што ќе ни помогнат како држава да добиеме подобар правен систем. Во тоа секогаш успеваше“, ја опишува Натали нејзиниот колега Бранко Ѓорѓевски, помошник на главниот и одговорен уредник во весникот „Дневник“. За Натали вели дека може да биде пример за другите новинари кои работат во сферата на правосудството.

Се радувавме со неа додека ја гледавме со колкава жар не и' се предава на болеста која полека, но сигурно ја совладуваше. Ни беше чест да ја имаме за колешка, пријател, познајник. Не' смрзна веста дека веќе ја нема, но ќе ја зачуваме во нашите срца и мисли. (Ж.Х.З.)

Статијата е прочитана 4702 пати.

Испрати коментар



ЕУ побара од еврозоната да обезбеди 15 милијарди евра за Грција
Мемети повика на смирување на состојбата
Ќерката на Тимошенко бара помош од САД
Ештон бара итна истрага за немирите во Египет
ВМРО-ДПМНЕ - Грчев да се извини за изјавата дадена за бугарска телевизија
Пензиите ќе се зголемат за пет проценти
Расмусен - Повлекувањето од Авганистан ќе с�� одвива според планот
Унгарската Влада го заштити „Малев“ од банкрот
Четири малолетници натепани во автобус
Повреден работник во „Макстил“
Македонија вистинска адреса за турските компании
Попоски и Бесими лобираат во Вашингтон за влез во НАТО
Студениот бран низ Европа однесе речиси 120 жртви
Македонија ги спроведува обврските за справување со климатските промени
Откриена царинска измама тешка 16,5 милиони денари
Уште девет лица починаа од премрзнување во Полска
На критичните места во Скопје фрлени 280 тони сол
Премиерот Груевски и владиниот тим на бизнис форум во Бурса
Сообраќајот отежнат, забрани за товарни возила на повеќе правци
Принцот Мајкл најави нови британски инвестиции
Тупурковски ослободен од обвинението за тајванските кредити
Смирување на тензиите и враќање на соживотот
Оштетен џипот на градоначалникот на Кавадарци
Кољо Американецот ги призна измамите со кредити
Тодоров - Пристапот до здравствената установа да биде еднаков за сите граѓани
Жбогар специјален претставник на ЕУ во Приштина
Петстотини нови паркинг места во Капиштец
Додик - РС не отфрлува дејтонска конструкција на БиХ
Додовски објави згаснување на ВМРО-НП, членството се враќа во ДПМНЕ
Бејта - Градоначалникот на Вевчани виновен за тензиите
Македонија мост за турските компании кон Европа
Од студот во Украина досега починаа 43 лица
Нафтата под 99 долари, се зголемија резервите во САД
Холанд ја зацврстува предноста пред Саркози
Раководството и членовите на ВМРО-Народна се враќаат во ВМРО-ДПМНЕ
Нетанјаху победи на партиските избори
Премиерот Груевски се сретна со македонските иселеници во Измир
Селаните го спасија од пожар манастирот во Мала Речица
Попоски во Вашингтон по поддршка за членство во НАТО
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги осудуваат случувањата во Струга
Попоски во Вашингтон ќе побара Македонија да биде примена во НАТО
Македонец во Чешка уапсен поради дрога
Словачки пратеници голи против пратеничкиот имунитет
Прегазен пешак на патот Тетово - Јажинце
И виното на „Тиквеш“ патува за Британија
Зафировска - Судскиот совет постапува по наводите на адвокатите во „Пајажина“
По синоќешниот инцидент во Лабуништа е мирно, но напнато
Поглавар��те на МПЦ и на ИВЗ на средба кај Иванов
Централна тема интеграцијата на Македонија во НАТО
Фонтаните во Вардар ќе прскаат од 1 април
Потпишан договор за ветерните електрани во Богданци
Италијанските пратеници си ги намалија платите за 1.300 евра
Милановиќ - Хрватска ќе ги поддржи соседите на патот кон ЕУ
Смирете ги меѓуетничките страсти, повикаа странците
Заеднички софтвер за систем-операторите од 15 држави во ЈИЕ
И натаму владее студениот бран на Балканот
Членките на ЕУ постигнаа договор за фискалниот пакт
Унгарскиот „Малев“ без пари, Владата вети помош
Изгаснат пожарот во Лабуништa, црквата не е изгорена
Груевски во Анкара на бизнис средба со Ердоган
Бесими - Од прием на Македонија во НАТО би профитирале сите
Запалена црквата во струшкото село Лабуништа
Груевски - Турција e важен трговски партнер на Македонија
ИВЗ - Исламофобијата е комбинирана со владина пропаганда
Дизелот поевтинува за два денара, бензинот поскап за 0,5 денари
Џафери - Ќе ги преземеме сите мерки за смирување на страстите во Струга
Ракометарите одликувани со „Медал за заслуги за Македонија“
Ограбени две спортски обложувалници
Саркози ќе го зголемува ДДВ-то на 21,1 отсто
Ја убиле зашто три пати родила женско
Пасати и лада нива за градската администрација
Британски „Дејли Мејл“ најпопуларно интернет издание
Шешељ од Хашкиот трибунал бара отштета од два милиони евра
Лани во Албанија извршени 124 убиства
Претседателот Иванов ќе ги одликува ракометарите со „Медал за заслуги“
Во Струга засилено присуство на полицијата
Британски банкар се откажа од добивката од приближно милион фунти
Кастро - Повеќепартискиот систем е опасност за независноста на Куба
Пронајдена 17-та жртва на бродоломот на „Конкордија“
Погрдни графити испишани на црквата Св. Никола во Октиси
Владата во офанзива по турски инвестиции



pile, 01.02.2012 12:41:23
Neka i e vecna slava, socuvstvo do semejstvoto i bliskite

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -2°C

Слаби снежни врнежи

Четврток
Слаби снежни врнежи
Макс: -1°C, Мин: -6°C

Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 3°C, Мин: 0°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |